Се прашувам со што ли го заслужив местото во срце полно со толку многу добрина и трпение, и во ум со толку многу знаење и разбирање? Како да ти докажам колку само те сакам и ми значиш...? ...And when they asked me what was my biggest dream, I told them waking up to your smile
До кога ќе се понижувам ради тебе? До кога ќе бидам крпа за тебе , а за некој друг принцеза? Исчезни од мојот живот , и никогаш повеќе да не ми се појавуваш! Те мразам премногу , а уште повеќе те сакам...
Ми викаш "Ќе ме сакаш се додека не почнеш да ме мразеш" Не можам да мразам некој кој ми е се на светот. Лошото помина, ајде да го заборавиме.
Не знам зошто почнав да размислувам вака. Многу пати ми имаш речено убава си, те сакам ваква, не си земај при срце толку ама некако последниве денови се' полошо и полошо ми станува. Свесен си и самиот, ама и понатаму ме подржуваш. Кога ќе те видам, од една страна посакувам да те гушнам најсилно да ти повторам колку ми требаш, а од друга страна да те оставам на мира да бидеш среќен без мене и моите проблеми. Со тешко срце и солзи ја читам секоја порака што ја пишуваш, одново и одново ме тераш да размислувам. Те сакам многу знаеш, знам дека и ти мене. Ама можеби треба и ти да се запрашаш дали вреди да се бориш за мене
Ме боли што те боли. А уште повеќе затоа што знам дека јас сум го предизвикала тоа и не можам ништо да сменам. Ме убива тоа што за помалку од месец ќе бидам далеку од тебе и не можам да си простам што не те гушнав како што треба... Уште од сега ми фалиш!
Почнува да ме иритира твоето понашање. Истите постапки како него. Аман како во ист калап да сте правени. Не пребарувам, само ти ја кажав вистината, а ти наоѓај си изговори. Пази да не ме снема само, не ме познаваш уште, не сум толку наивна и добра ко што изгледам, сите така мислеле, па на крај се чуделе. Си го кажав моето, твоето е дали ќе направиш нешто за да го промениш истото. Почнав монотоно да се осеќам, а и кој не би, исто како да не сум во врска, ни физички си присутен, ни па психички. Можам и сама да сум така тогаш. Што ми требаше врска на далечина стварно не знам.
Имам кажано 100 пати дека повеќе што ме нервира од лажговци, се луѓе што не се од збор... е стварно не можам да ги поднесам. Додека јас сум во состојба раце и нозе да искршам трчајќи да исполнам некое ветување, некои уво не ги боли..така не може.
Ете конечно се сретнавме. Ние четворица. Морам да признаам беше пријатен разговорот. И твојата,сега веќе жена,навистина е пријатна. Да беа работите поинаку би можела да замислам заедно кафе да пиеме или да си правиме скара..Го имаме истиот термин,во истата болница,децата ќе ни одат во иста градинка и школо...Чудни се патиштава наши..
Немој да ми играш топло ладно, немој. Мразам кога некој ме влече за нос. Кон ниту еден досега не сум се потрудила толку како што беше тоа со тебе. Или цени го тоа или мафни ми се, не ми го троши времето и нервите. Кога можев да сакам една личност 4години повеќе од самата себеси и притоа се воздржував да не потклекнам под искушението да и го признаам тоа, мислиш ли дека ќе се двоумам да напуштам личност која нема поштовање спрема мене како во случајов ти? Не можев да учиш допрва човек кој цел живот бил сам, на осаменост. Ќе се зафркниш јако, ти ќе испадниш оној осамениот на крај. Бери ум.