Не можам да го опишам ова чувство во мене кое го предизвикуваш само ТИ! Немаш поима колку среќна ме правиш.
Знам дека во последно време сум како избудалена. И се трудам, се борам сама со себе против лоши мисли и се надевам дека ќе успеам. Знам дека на моменти се исклучувам и сум идиот, a знам и дека ме приметуваш иако не ми кажуваш ништо. Фала ти за разбирањето, фала што ме трпиш без да кажеш ниту збор . Она вечерва ти го велам прв пат . Ми се испушти и се усрамив оти знам дека не си навикнат ама од друга страна и мило ми е што ми се испушти, видов дека убаво ти падна My sun and stars
Би ти кажала тебе и на многуте како тебе фала ви што не постанавте сериозен детал од мојов живот,јер без све вас лакше се дише!
Си одев по улица со бавни чекори,со наведната глава си чепкав во чантата,го барав мобилниот,и одеднаш ти излезе покрај мене,од нигде никаде,штом ја кренав главата,те видов тебе,и пак џвакаше мастика со отворена уста(стандард)и пак беше со наочари на глава(стандард)и пак само се разминавме како странци(стандард)..... Ама нестандардно е што после тоа не ми затрепери ич срцето,не ме фати ни паника,ни возбуда... Отрпнав ваљда....
И денес ќе ја проголтам гордоста. Ама за последно. Вечер ќе биде баш она " да се биде или не ". Не можам да оставам поќе да ми се подјебаваш со психата, и без тебе се осеќам доволно лошо и депресивно периодов.
Сакам кога гледаме филм, а јас заспивам на пола ме бакнуваш и покриваш, сакам кога заспивам во тебе, сакам кога навечер ме бараш со рака низ кревет ако малку се одалечам, сакам кога ме гушкаш и бакнуваш додека спиеш, сакам да те гледам додека спиеш, највеќе од се сакам кога легнувам и се будам со тебе
Секој ден за некоја нова бивша ти дознавам. Казанова испадна бе... Не дека сум многу изненадена ама до толку само не очекував. Ај ќе се правам дека стварно е ко шо викаш дека си немал среќа и они за брзо те оставале. Да не доаѓа и моето време, скоро 3 месеци многу да не ти се, пошо кај и да е рекордот на твојата најдолга врска од 4 месеци ќе го срушиме. Мојот рекорд од претходната веќе го срушивме. Не очекував дека вакви работи ќе ме погаѓаа толку, најдобро беше да не дознавав вакви информации.
Бејби,не си вреден за спомнување,не си вреден за ништо всушност и ти тоа го знаеш. Гордоста не ми дава да те споменувам,да кажам дека ми фали онаа јас што беше со тебе. Ми фали старата јас ама ти не ми фалиш. Никогаш нема да ми недостигаш,никогаш. Те мразам што направи да бидам несигурна во секој збор што ми го кажуваат,да бидам ладна и по малку безчуствителна. Те мразам оти после тебе ниеден не е ти. А тоа е најдобрата и најлошата вест во исто време.