Среќна сум за тебе и те поддржувам..ама дали размислуваш колку сум јас запоставена во случајов? Колку недели уназад само за тебе и твоето секојдневие се збори? Ми станува сеедно.
Па и не гледам некој светла иднина со тебе,ти сакаш да ме вратиш во времето на нашите мајки и баби ама не сум толку глупава и јас си имам желби и потреби и план за како сакам да ми изгледа животот а ти не се вклопуваш,премногу те преценив.
Побрзај. До кога треба да чекам??? Нестрпливка сум - што да правам. А ти па многу ја влечкаш работата. И после јас сум крива што те брзам. А што па тебе сам не ти текне да побрзаш? Ах, се сакаме ама јас сум нестрплива и брза, а ти си тотална спротивност. Затоа си се привлекуваме. Понекогаш се прашувам: Што би правела без тебе? Ти си тој што правиш да размислам два пати, а не да брзам веднаш со моите зборови. Фала што ме трпиш ко ќе избувнам и што ме сакаш ваква каква што сум.
Муж бе. Пола ти ги знае сите бемки и белези по телото, пола „Абе, кога ти беше тебе роденден?“ Па после, за да се „искупи“ ти кажува на кој датум ви бил првиот дејт, во колку саат сте се бакнале, па во колку си му станала женска. Ќе си умрам ја од тебе и тој твој шашав дух. Едвај го чекам овој наши мини-одмор. Ти и природа во есен... не знам што обожавам повеќе. #ќемипукнедушатаодубајни
Ете, утре уште еден месец како сме заедно.. Мене не ми се верува се уште дека те имам. Ти мој, јас твоја, ние едно. Бев изненадена бидејки за толку краток период ме запозна со сите твои блиски, пресреќна сум што сум прифатена и сакана и ценета. Не мислев дека ќе дојдеме до тука поради далечината, ама убаво ни е. Мора да признаам дека имаш добри другари, веднаш се вклопив во муабетите со нив. Севкупно ова е убав период за мене и се надевам дека ќе трае.. Те сакам.
И не сакам ништо да те боли, сакам да си ми среќен секогаш... Би сакала да сум до тебе, да можам во секое време со прегратка да ти ја смирам секоја бура Ти си моја душа, за никого не сум чувствувала толку многу нежност и емпатија досега...
Ох,бејб,што би ти кажала..посакувам барем кога се присетувам на убавите моменти да можам да почуствувам среќа и топлина во мене. Еве случајно приметив дека помина една година од една многу убава вечер со тебе ама не останало ни трошка среќа од тогаш. Ниедно чуство,ниедна емоција..ништо.
Освен разочарување и барање игла во сено друго и не ми приредуваш,очаен ли си дека гледаш дека ме убиш уствари идиот си и ненормален не е друго кога ќе размислам поубаво секогаш беше така. А ти додворувачу те проценив како многу скршав човек,кој оди крај на септември на одмор жити се и кога кажа дека си пресметувал како најефтино и поклончињата што ги даде на колешките,заклучок скржав си а скржави многу и не сакам,сепак подобар си од оној погоре,секој е подобар од него.