Се оди супер, не се жалам, но почна да ми оди на нерви твоето отсуство и од социјалните мрежи кај што сакам да зборувам со тебе и да ми кажеш како ти поминал денот бидејќи не можам секој ден да те гледам или пак да ми се јавиш и да разговараме како порано. Јас нема да ти се јавам бидејќи почнав да се чувствувам како нападна а знам кога е доста некој да бараш. Не сакам да изреагирам лошо затоа што јазикот знае да ми биде побрз од умот но доколку продолжиш да бидеш отсутен и следните неколку денови ќе ме запознаеш во вистинско светло како јас игнорирам. Знам дека ќе ми се јавиш ама почнува да ме плаши тоа отсуство, што ме тера да се сомневам, не дека ме изневеруваш туку дека криеш нешто од мене. Опамети се, нив ги гледаш секој ден, мене еднаш на две недели, не биди себичен.
Заврши уште една врска,како што почна така и заврши комплицирано.Но добро е што секогаш учам од лични искуства,и што вадам поуки од секоја врска.
Ти веќе не ме гледаш,доволно трпев и премногу беше,простак еден,те запишав во телефон наместо со име со Не кревај,се надевам конечно ќе доживеам нешто убаво,макар и за момент.
Сакаш птици, и кога надвор врне, секогаш носиш нешто црвено. Велиш сме биле совршена комбинација, јас INTJ a ти INTP. Смешно ти е што носам старки на дожд, а јас се смеам на твојот жолт мантил (читај: шатор). Немам навика да се залетувам во работи, ама ај секој ден да е недела, ваква тмурна, ладна и дождлива, со некоја добра плоча што се врти, мирис на чај и џем од јагоди, топла постела, и со тебе до мене. Многу ли барам?
Понекогаш многу ме нервираш ама толку добро се надополнуваме што ако те снема мислам дека пола човек ќе сум после тоа.
Не го очекував ова од тебе. Пријатно ме изненади, исто како во старите добри денови. Те сакам, знаеш.
Те сонив.сум се вратила дома и прво што сум направила те барав ама не можев да те најдам.толку силна болка осетив во сонот.како реално да беше. камо да знаеше дека со години те сонувам.си мислам како си?како изгледаш?дали годините те смениле? може и никогаш нема да дознаам.
Гледам те стаса клетвата што ти ја посакав и мило ми е ради тоа! дај боже да не те куртули бетеррр да те фати А ти реков дека кој заминал од мене не останал рамнодушен... И така убаво ми дојде како кец на десетка ти да ми се покориш а јас лепо фино ми те "кљоцнав"! Алал да ми е ќе си се почестам нешто од кеиф шо ми е Тешко ми е но силна сум и нема да го покажам тоа пред тебе и никад нема да дознаеш колку ме боли и покрај се шетам со исправена глава. Тешко е но ќе помине, а ти да останеш сам до крајот на животот! Ѓубре!