Реков нема да ти одговорам веќе, и пак ти се јавив кога видов пропуштен повик. Ме прашуваш дали се лутам кога кажав "не" велиш сигурна ли си. Добро ме познаваш не можам да те лажам знаеш кога сум лута, а ја знаеш и причината... Подобро е кога не пишуваш не се јавуваш тогаш цврсто сум решена дека се е завршено, но пак почнуваш и се така одново. Знаеш пред некој ден за прв пат после тебе излегов со еден дечко пиевме кафе разговаравме паметен културен фин дечко, му ветив дека пак ќе излеземе но после тоа имав грижа на совест бидејки му давам лажна надеж. Не можам да бидам со друг се додека не расчистам со тебе.
Се надевам кога се колнеше пред Бога на вечна љубов со неа,се сети на мене,кога ме остави да се борам сама со себе,а знаеше дека ти си ми потребен,но ти ме остави и одлучи да бидеш со неа. Се надевам кога ги виде моите на свадба се сети на мене,се сети дека ме остави кога најмногу ми требаше. Ме гледаше дека паѓам надолу,а ти само ми се изнасмеа в лице и ми рече дека сум тргнала настрана. Се надевам во ликот на мајка ми ме виде мене и се сети како ми велеше дека личам на неа. Се надевам кога го виде татко ми,се сети колку сум цврста без твојата помош. Знам дека тогаш се праша како сум јас,до каде сум? Да ти кажам дека таа болка што ми ја направи,ме направи уште поцврста. Ако мислеше дека ми беше тешко кога во ист период си бил и со мене и со мојата другарка,да ми беше,но кога дознавме,избега како куче. КУКАВИЦО ЕДНА! Замина и се ожени за неа,да,таа е помала,ќе те научи,се надевам дека барем кон неа ќе бидеш нормален. Знаеш колку добро ми дојде твојата лекција? Да,оставена сум сама на себе. Но,даалеку подобра од она што бев. Нека ти врати за се тој што суди.
И пак испаднав глупава, понижена ако ова ми е лекција, што барам јас со тебе? Веќе немаме што да си кажеме молк... Си ставил слика од нејзината внука на телефон биди среќен со неа и така неа ја избра а мене остави ме... Каква е ова љубов ако постојано ме бараш мене кога си сам и ја изневеруваш... Ти не сакаш никој.. И таа е свесна но се прави дека не гледа заслепена е, а знае се... Еден ден ќе се покае но тогаш ќе биде доцна.
Те сакам без да знам како, ни кога, ни од каде... Те сакам без проблем и гордост, толку те сакам што не знам да сакам поинаку... Те сакам на начин на кој ти не си ти, а јас не сум јас... ТЕ САКАМ...
Ми се врежа во глава еден прекрасен извадок, во кој се опишува како посебно чувство она кога по доста топол ден ќе си легнеш ептен лесно облечена со чаршафи тргнати настрана и рано наутро на момент ќе се разбудиш од студ, па така полусвесно ќе се покриеш и повторно ти е топло и удобно за да продолжиш мирно да спиеш. Е, ти за мојава душа си таа прекривка, ти и самата помисла на тебе...
Ако ти и после се, не можеш да разграничиш дали е добро или лошо тоа што го правиш, верувај дека деновите ни се одбројани.
Твоето ,,добро утро најубава" ми нацрта насмевка на лицето штом ги отворив очите и ја прочитав пораката.
Срц, колку и да ја газиш, отфрлаш и прекоруваш мојата љубов, јас пак ќе верувам во неа... Еден ден кога ќе замре, може ќе ти биде криво и ќе ме бараш, ама ја сум љубов човек и без разлика колкав кретен и идиот си ти, јас пак ќе верувам во сродни души, разбирачка, почит, љубов.. Ти моеш, што се тиче мене, да цркнеш ако сакаш! Пријатно, со здравје!
Колкав си лузер, ете појма си немаш брат. Види, LOSER! Ако не ти чинам што останувам во Македонија и да работам за 150 евра и во викенди-можиш само да ме гледаш како успевам да одам нагоре, за ианет ќе се разубавам, ќе најдам работа со убава плата и слободни викенди и ДА, ЌЕ НАЈДАМ НЕКОЈ ШТО МЕ САКА И ПОЧИТУВА И ДА ЗЕАМ 50 евра. Чао,аривидерчи.
Не ја гледај убавината минлива е ,не го гледај богатството минливо е,барај некој кој ќе знае да те насмее,доволна е само една насмевка за да помине твојот облачен ден. Ти посакувам во твојот живот да имаш доволно љубов и среќа за да бидеш среќна личност,искушенија за да станеш силна,солзи за да останеш човечна, надеж за да се исполнат СИТЕ твои соништа.
„Без разлика дали се работи за пријателство или за љубов, сите врски се градат врз основа на ДОВЕРБА. Без неа, немате ништо.“
Не можам да те сфатам. Ми требаш. Ти требам. Те посакувам. Ме посакуваш. А доаѓам. Бегаш. Прашувам. Лажеш. Одговарам. Траеш. Се отварам. Се плашиш. Ти требам. А секогаш сум тука. Ме посакуваш. А можеш да ме имаш. Знаеш што сакаш, а знаеш дека јас нема со прст да се помрднам. Ќе чекам на тебе, додека не сфатиш што сум ти јас, што сме ние.