Па моментално немам ,,сакан” ама на мој бифши драги радо би му рекла дека е едно МУЛЕ.МУЛЕ што го влече женска му/бивша му кузнае што му е, за нос и му го пере мозокот. Глупаче тоа, ќе си ја маваш главата од ѕид ама касно ќе е.
Го знаеш она чувство кога ќе ти пише оној кој неодамна ти се допаднал? Да? Хм, мене почна срцето забрзано да ми чука, се радував ко мало дете на лижавче, но истовремено и си велев да закочам малку. Разговорот си течеше, збор по збор, ден по ден и додека се свестиш поминале 3 ипол месеци, а нашево заврши уште пред да почне. Цело време ја иницираше нашата прва средба, а воедно и ја одложуваше. Зошто одложуваше нешто ако сакаше навистина да се случи? После втората средба ми рече "Те сакам", а јас се прашував и сеуште не ми е јасно како може некој да го сакаш ако само 2 пати го имаш видено. Можеби си се заљубил во сликата која си ја створил за мене, не знам стварно. Постојано ми даваше измешани знаци, сакаше врска но не со мене. Јас ти бев само за утеха, бидејќи немаше некоја покрај себе. А мене ме нервираше таа фаза помеѓу пријатели и нешто повеќе. Беше како расипан семафор, не знаев дали да се залетам или да закочам. Јас го направив првото и зажалив. Ти благодарам за подарокот што го добив баш еден ден пред мојот 21-ви роденден. Тоа е лекцијата која ќе ја памтам долго време, а тоа е дека бев во право, не требаше да ти поверувам посебно не последниов пат. Ме вивна високо во облаците за да на крајот ме треснеш од земја?! Да боли, но ќе помине. Постојано ме викаше "малечко", но погоди што, пораснав, повеќе не сум она "малечко", посебно не твое.
Не знам бе душо, не знам стварно што е ова што се случува. Ке излеземе ли на равен пат ? Многу насоки покажува животов. Шо да одбереме а да не погрешиме, а Те гледам како спиеш....толку си сладок. Ти заслужуваш се најубаво во животот. Животе мој
Ете 10тина дена се немаме видено и планот за утре не успеа. Како да не се растажувам? Сега уште ни за среда да не сме усогласени. Секогаш кога ќе видам некои секој втор ден заедно, а јас тебе ако те видам на недела дена треба среќна да сум. Да ти се плукнам во далечината... Не испадна ова љубов, растажување секој пат на автобуски и железнички испадна...
Поубав почеток на месецот не можев да посакам Толку малку поминато време, а веќе твојата прегратка ми е најсигурно место на светот Вреди чекањето, сè вреди за тебе... Tе обожавам!!!
Жал ми е кога очите ти се црвени бидејќи не си спиел 24 часа. Жал ми е кога работиш колку што никој не би издржал. Жал ми е што не знаеш како изгледа да се разбудиш покасно од 5, а да легнеш порано од 1 по полноќ. Жал ми е што никој не ти помага, ниту те разбира, освен јас. Знам дека се правиш поради мене, и затоа најмногу те сакам.
Имам чуство дека си со мене уште затоа што не сакаш да отидат така јабана овие скоро 4 години, но од друга страна чуствувам дека не е така. Измешани чуства, емоции и се.
Јас те љубев...Љубовта се уште може да постои.Во душава моја не згаснала сосема.Но нека не те тревожи повеќе.Не сакам да те натажувам со ништо.Те љубев толку искрено,толку нежно,те од плашливост те од љубомора изморен...Те љубев молчаливо,безнадежно...Те љубев онака како што би ти посакал да бидеш љубена од Господ и останатите.
Кажи колку ти е убаво кога го гледаш братучед ми до тебе секој ден,заедно работите нели? Ако навлезиш подлабоко ќе видеш дека и исти иницијали имаме,и секогаш кога го спомнуваш неговото име,двете букви од моето име ги изговараш ех,животе гледам седнал на чело,на масата која јадете,само чисто ете еден потсетник на мене. Онака де,да те потсеќа секој миг. Ти нема спас П. ТИ НЕМА. Секоја секунда и на работа и дома да те потсеќа на мене. На работа по братучед ми,дома по сестра ти,нели имаме ист хороскопски знак,па и ми велеше дека сум нејзина копија. Чисто онака....