На тој што пробува да се 'рчка' моментално со мене. Рчкај секој ден колку сакаш од 8 до 4. Од понеделник до петок. Само после тоа си одам дома. Толку од мене можеш да добиеш. Рчкање.
Ги обожавам деновите кога сум изморена поради обврски, а на крајот како награда за денот полн со обврски си довивам луксуз да ја ставам главата на твое рамо. Ги обожавам овие денови. Те сакам.
"И тогаш некоја будала,ќе го спомне ко на шала,твојто име,а јас без глас ќе те проколнам,што не знам да те преболам...."
Знаеш дека правам се сама,не барам помош никогаш од никого,ама тогаш ми требаше, очајно ми требаше помош,а ти немаше време...ме разочара. Знаеш за мене разочарувањето е страшна работа,можеби полесно ќе заборавев нешто многу полошо. Фала ти што направи од мене ладнокрвно суштество до кое никој не допира,јас ќе успеам за да си докажам на себе дека можам се.
Се мислам сега на тебе шо клетва да ти пуштам нова љубави хахахаха ти имаш среќа не си толку лош така да ти пуштам клетва да ме сонуваш! Иии кога ќе треба да ме бакнеш да се разбудиш! хахахахахахахахахаха и да скокнеш од кревет да се спремаш за на работа за што побрзо да се видиме Аиихххх се заљубив да не пукнеш!
Знам дека мислиш дека скоро секогаш имаме спротивставени мислења, но јас реагирам базирано на емоции, а ти според разум. Кога и да почнеш да ми го образложуваш твоето гледиште на некоја ситуација, ти се восхитувам колку зрело размислуваш...и во глава ми се врти како јас, (да не беше таа моја избувливост и константна желба да се умешам за да ја доведам правдата на свое место) би била иста ти. Смирено, логички, тактички, точно знаеш кога да настапиш, а кога да не го буташ носот кај што не му е место. Те сакам, иако во последно време не го слушаш тоа често од моја страна.
Можеш да ме треснеш од земја ама и да ме дигнеш до облаци. Толку лошо почна вчера денот што не очекував дека толку добро би завршил. Единствен си и мој. Ќе биде се океј, знам.