Само 2 дена поминаа откако не се видовме, а толку многу ми недостигаш. Кој ќе чека до следна сабота за да се видиме. Ми фали да те мирисам и да ти се пикнам во прегратка како мало детенце.
Еден ден од како се немавме видено и утрово веднаш надохнадивме. Во 6 часот наутро прв поглед во твоите сини очи...се стопивв...
Ќе се сретнеме јас и ти еден ден. Имам доволно време да смислам што да ти кажам за да те здоболи до коска. Зашто ти тоа го заслужуваш. Не заслужуваш да те сожалувам што една глупа грешка сега ќе ти го диктира цел живот
Те барав во топлата луѓе. Ми лутаа очите натака, наваму ама тебе никаде те немаше. А, и да те имаше немаше да бидеш до мене и да ме стоплиш.
Ми фали тој поглед. Ми фалат тие очи што ги сретнав во таа гужва. Ми фали тоа чудно чувство и трепет од тој случаен допир во таа толпа народ. Ми фали таа љубов на прв поглед. Ми фали тој глас. Ми фалат тие зборови што сè уште ги слушам во мојата глава. Ми фали нашето гратче, мало но диво. Ми фалиш ти.
Не знам дали ми фалиш од стара навика или од љубов? И ова прашање ме мачи. Свесни сме и двајцата дека врската ни стана токсична, реално од непостоечки проблеми. Малку од твојата опсесивност, повеќе од моето его. Јас и мојата желба за доминација, од друга страна ти и посесивноста кон мене. Со тебе имам се што една жена би посакала од маж, љубов, внимание и поддршка. Но мојот егоцентричен разум не знае тоа да го прифати. Сакам нешто различно, ново, поинтересно. Можеби е време за крај? Јас немам храброст да ставам крај, а немам ниту особена желба да останам во оваа врска. Само сакам да најдам правец и да се тргнам од раскрсницата еднаш засекогаш. Не е фер да ти го скршам срцето уште еднаш. Извини.
До кога веќе? Уште колку е тоа малку? ... Љубопитност, нестрпливост и уште многу вакви слични чувства. Не можам веќе... ќе испукам!
хеј ју ми иде да ти се развикам на уво некоја вечер. Или да те искубам. Или да те иштипам. Или..ма, факју.
Уште сега ми е смачено од твојата зафатеност околу работата. Ама изгледа мора да преминам преку тоа бидејќи не постои друг начин.