Не е моментот за тебе да те имам во мислите. Не сакам да знам ни дали јас сум ти. Така е најдобро. Така мора да биде.
Некогаш знаеш да ме извадиш од такт, да те колнам и да се нервирам, дека нема да ти простам, но секогаш знаеш да ми ги подариш најубавите денови кога сме заедно и да заборавам на сите кавги. Ти си одличен човек, партнер и некогаш не знам дали е само до мене и претерувам.
Се радувам што ти дадов шанса да те запознаам, се надевам нема да ме разочараш и ти. Благодарам за убавата вечер!
Се враќаме назад низ изминатите месеци и се смееме за што сме се нервирале, се дополнуваме и кажуваме кој за што бил во право. Јас секако имам уште желби и замисли, а ти додаваш т.е ми потврдуваш дека се ќе се среди.... Сонувам со отворени очи, го гледам овој момент се поблизу е.... Гледам колку ќе сме среќни! Те сакам повеќе од се
Ми фалиш, ми фалиш, ми фалишш во моментов да те почувствувам до мене и да те гледам додека спиеш. Те сакамммм
Кога сме вака далеку, ми фалиш..проклето многу ми фалиш Кога сме заедно, чувствувам дека не ти посветувам доволно внимание.. Не знам што е полошо..
И повторно пеперутки ми летаа во стомак пред да те видам..ми влеваш доза на возбуда а во исто време и спокој.
Понекогаш ми доаѓа да ти ги скршам сите коски а понекогаш душата и животот од мене да ги извадам и да ти ги дадам тебе. Те сакам многу!