Си прашал како сум. Си кажал и дека јас сум те тргнала на страна. Тој што сака, наоѓа начин како да е до тој што го сака. Половични работи не сакам,а половични лиѓе не трпам. Не, тоа не е навреда, тоа е отворено ксжување на моите желби.
Среќен роденден љубов моја.. денес е твој ден..а ние сме далеку 4500км еден од друг..премногу ми е жал што не можеме да си го прославиме.. но едвај чекам уште еден месец да помине и ќе си дојдеш.. Се ќе надохнадиме среќо, само врати ми се жив и здрав од таму. Уживај во денот злато..^: Ми фалиш.. Те сакам најмногу
Деновиве сум презафатена со обврски, се осеќам како малку да те запоставувам. Плус го сретнав него и ми пиша, после толку време...Иако ти кажав, не сакам да кријам ништо поготово не дека сум се сретнала ненамерно и сум праела муабет со бившиот ама пак се осеќам малку виновно. Почна повторно да ми се плетка во глава, како повеќе него да го мислам и моментите од минатото отколку на тебе и сегашноста. Можеби требаше да се појави и е уште еден тест на нашата врска. Сепак иако те приметувам дека си загрижен ми се допаѓа што од друга страна си сигурен дека не сум будала да го уништам ова што го имаме за некоја глупост. Не се грижи миличок, не би те оставила ни заменила за друг, поготово не за некој таков. Само како малку да ми дојде премногу се. Обврските, немањето време за ништо и одеднаш се осеќам изгубено. Ама сепак знам дека те сакам тебе. Тоа го знам.
Уште само неколку часа љубов и конечно ќе бидеме заедно да си ги прославиме 4те месеци заедно. Моите најубави до сега во животов.
„ДУШО пријателството не се врти околу тоа кој најдолго го знаеш, туку околу тоа кој влегол во твојот живот, ти рекол дека ќе биде тука за тебе и навистина го докажал тоа.“ Никогаш нема да дозволам никој да те повреди напротив ќе бидам твојот заштитник би го срушил целиот град за тебе затоа што ми си посебна, ќе бидам секоаш тука за тебе, ДУШО една и единствена
Не бе, не се менуваш ти. Ќе ти дадат внимание и се креваш до небо.. Не можам да се натпреварувам со твојата работа, внука и сестра кои ги гледаш секој ден, а мене толку ретко и не можеш да ми вратиш на ебано смс или да одвоиш 2 минути и да ми се јавиш. . Не знам зошто сум изненадена ама јас се откажувам. Што и да кажеш и правдаш нема да помине. До сега те сфаќав, повеќе не можам.
Мислев денот кога ќе престанам да те сакам ќе се спасам.Мислев ќе ми падне камен од душа.Си мислев ќе ми олесни. Ама не.Те избришав од срцето ама таму сега остана празнина.И ме боли многу повеќе одколку фактот дека не си мој.