Викаш си немал човек што искрено те сакал.Грешиш ,зошто мислам дека само ти ја имаш таа среќа да бидеш толку многу сакан,но не си свесен.Викаш, чим сум сакала да излезам од тука, по тоа се гледа колку не сум те сакала. Грешиш, зошто јас сакам да излезам баш ради тоа што претерано те сакам, дури боли колку многу те сакам, а неможам да те имам, а уште повеќе боли помислата дека друга сакаш. Лута сум на себеси што дозволив ова да ми се деси, да засакаш некој што гледаш дека не те сака,туку само те посакува и упорно да мислиш на него,а тој да ужива во прегратките на друга. Лута сум што го расипав тој однос што го имав со тебе ,каков таков,подобар од сега. Неможеш да сфатиш како може човек да сака а да не биде со тебе.Ете,јас можам,зошто морам. Неможам да живеам со тоа дека на друг му правам лице и повредувам. несакам да сум тука зошто ми фалиш кога не си тука,па макар и во другата просторија, ми фали скеој момент со тебе а неможам да го имам. И ова ми е веќе малтретирање. И можеби кога пробав да бидам со тебе , ќе ме предомислеше во врска со моите мислења и принципи во поглед на тоа дека може да бидеш со некој што искрено го сакаш иако е забранет и можеби се ќе беше убаво и ќе бевме заедно,ама верувај,со ниеден потег не ми помогна во тоа,баш напротив само ми докажа дека ме користиш.Само ми ги потврди мислењата што ги имав и дотогаш, дека кога изневеруваш ем оравиш грев и ги повредуваш луѓето,ем секогаш ќе бидеш во втор план. Жал ми е што тоа искуство го имав со тебе,бидејќи ми значеше. И верувај, нема човек што толку те сака како што те сакам
Дома не е дома без тебе. Ми фали дури да ми кцаш додека играш, тишината ми е неподнослива, ми недостига да си дојдеш од работа и додека спијам да се качиш на креветот и да ме бакнеш и да ме разбудиш, се ми фали...деновиве како заинат минуваат екстремно бавно, а сакам да летаат за побргу пак да сме заедно.
Денешната тема на кафе дружбата со пријателките беше “емотивната страна на партнерите,искажувањето емоции кон партнерот“.Секоја си кажуваше за својот сопруг, парнер,бивш партнер итн.Интересно!Ме прашаа за тебе,одговорив “со таков човек ќе се чувствуваш постојано,емотивно гладна“.Инаку требаше да раскажувам како не умееш да сакаш, емоциите ти се само стикерите со срциња и бакнежи на мобилен или двосмислена порака зачинета со провокација, а кога ќе те погледнат пред себе,гледаат емоционално празна личност,колку да копаат и буричкаат внатре во тебе,таму има едно големо ништо.Некој би рекол,можеби бил повреден,можеби има причина,но не,тој што умее да сака,умее и по 1000 удари и порази,кај тебе не е тоа,кај тебе го нема,можеш успешно да одглумиш,но не и вистински да почувствуваш.Толку,не ми се пишува повеќе за тебе и твојата “емотивна“ страна.
Без твојата смиреност јас немаше оваа да можам да го издржам, покрај тебе сум смирена, сигурна и трпелива а тоа е најважно во овие моменти. Воздух си ми, не можам да живеам без тебе
Не сум тип шо сака да си игра топло-ладно.Или сакаш или несакаш.Неможе да ти паднам на ум еден ден а следниот да се изгубиш и после пак да се појавиш наредниот и се така во круг.И зошто постојано си ми во мислите?Те читам во секоја книга,те гледам во секој филм те доживувам во секоја песна?До мене е или до твојте искрени наивни детски очи?
Секој ден чувствувам како стануваме поблиски и иако не сме у тазе врска секој ден љубовта ни е се поголема и се поинтересна е врскава. Среќа е што те најдов и среќа е што прифатив да искочиме тогаш. Инаку што ќе правев сега јас без тебе?
Пред тебе се разголувам целосно. И не, не мислам само на телото, туку и на душата. Толку многу се зближивме и се познаваме што знаеме еден за друг како дишеме и како сме расположени во првата секунда кога ќе се видиме. Само ти на светов ми ја познаваш душата, ме познаваш каква сум длабоко во мене. Пред светот сум тивката и повлечена девојка, пред тебе сум најлудата и најопуштената. Само пред тебе секогаш знам за што да зборувам без пелтечење. Само пред тебе можам да се однесувам како детенце, како и ти што правиш. Само тебе можам да ти верувам без никакви сомнежи. Само пред тебе јас можам да бидам јас, во најјасна верзија од себе. Ти благодарам што ме прифаќаш и сакаш онаква каква што сум, надворешно и внатрешно. Се си ми на светов, сродна душичке, чудак мој со исто психичко пореметување како моето.