Секој ден наоѓаш начин како да се сомневам се повеќе во тебе. Ме разочаруваш а со тоа и се намалува љубовта. Без разлика на тоа колку е зафатен човек, секогаш наоѓа време да се јави на саканата личност, ама изгледа ти не спаѓаш во тие личности. Не знам што повеќе да кажам освен дека се повеќе се одалечувам од тебе. До сега наоѓав начин да те сфатам, да те правдам, повеќе не можам. Се чувствувам како да не сум дел од твојот живот. Не знам каде води ова, навистина не знам.
Заслужуваш повеќе многу повеќе, уживав дури те гледав безгрижен и среќен барем на миг заборави на грижите и нервозите. Ќе издржиме заедно, ама потоа задоволството, среќата се друго ќе е дупло повеќе
Горда сум што секогаш се трудиш да бидеш најдобар во твојата работа. И јас секогаш ќе те поддржувам во тоа.
Имам потреба од тебе.Ајде дојди те чекам.Многу те чекам.Многу ми фалиш. Лани на овој ден се беше подруго.Се ќе пројде, се надевам.
Се плашам да ти се доближам. Се плашам да се отворам целосно. Се плашам дека еден ден ништо нема да е исто. Чудни биле тие лоши искуства..те тераат секој чекор да го преиспиташ и не дозволуваат да си целосно своја.. Убаво е со тебе, се е прекрасно. Полека но сигурно мислам дека ќе стигнеме таму каде што двајцата сакаме. На местото љубов што се вика. Каде чувствата во нас никогаш нема да избледат. И секогаш ќе бидеме само ти и јас. Потребно е само малку време, доверба и обострана посветеност.
Чудно но вистинито... И некна ти го кажав, и самиот знаеш дека се знаеш што мислам у себе и што чуствувам Те сакам и од повеќе од првиот ден, од повеќе и од пеперутките што тогаш беа.. Многу те сакам и после комај 10 години заедно Обожавам да те гледам во омилените тренерки или кошула Обожавам да го мирисам мирисот твој што го ставаш после бричење Ми се чини ќе потонам од емоција
Дури и денот кој ми беше преполн со обврски и бев преуморна ми стана одличен откако те видов и гушнав.
Ме вадиш од такт, во еден краток муабет, со тој твој сарказам, спојуваш зборови што ми раѓаат желба да ти залепам шамар и да ти треснам врата во лице, ама и да ти скокнам во скут ко кутре и да те изнагушкам. Стварно, невозможен си. Се гледаме во сабота. Има да ти вратам.
Прегратките што ме смируваат, бакнежите што ме разнежнуваат, допирите што ме возбудуваат...има нешто толку посебно и неописливо во нив. Само твоја сум
Толку емотивна душа си и со чувства се вложуваш, а од друга страна и толку трпение и надеж имаш за нас... Ти се восхитувам во секој аспект, и не би сакала никогаш со ништо да те разочарам. Знаеш секој ден да ми влееш некаков посебен мир, топлина, оптимизам Баш ми пружаш слободна љубов, искрена, прекрасна... како во најубавава песна што ми ја посвети
Ти реков дека полека полека ќе успееме. Се ќе се среди. Ете и еден од поголемите проблеми т.е мајка ми почна да попушта, па дури и те пофали, гледаш, со упорност ќе успееме. Понекогаш сум тажна за далечината, знам нејзе во брзо време нема да ја средиме. Ама ќе се трудиме, ќе се бориме цело време. Како и овие 4ипол месеци така и понатака. Се надевам секогаш ќе останеме вака и нема љубовта да ни стане навика и монотонија. Те сакам.
Ми фалиш упм! Сакам да не одиш никаде! Може да не одиш никаде? Да си седиме дома тројцата, цело време...
Неколку пати пред да заспијам помислував на тебе,каде си,дали замина пак,бидејќи повеќе месеци не сум те видела онака случајно.... Синоќа те сонував,ама и на сон не бевме заедно,јас се бакнував со друг,а ти ме гледаше,кога те видов се натажив и се чувствував виновна што продолжувам со друг...заминав од другиот и те чекав,ни сама не знам каде те чекав,помина со другари,не ме ни погледна,ни пак јас не истрчав по тебе. Толку беше...се разбудив....