Секако дека кога ќе одлучиме да се видиме нешто се случува. Или некоја работа искача, или некој доаѓа, некој леприкон свадба прави, некоја самовила ја крштеваат, некој уникорн рог крши, некрополиси се отвораат, громови паѓаат. Не е фер паааа, сакам да те видам. Ќе видиш ти следен пат
Уште 16 дена останаа љубов Конечно ќе те пречекам на аеродром, ќе ти се фрлам во прегратка..ќе те видам после толку време.. Едвај чекам, нестрплива сум многу А неколку дена само откако ќе се вратиш, славиме годишнина. Имаме две причини за славење злато. Издржавме. Те сакам најмногу
Ме рече дека се плашиш дека ќе ми здосади од тебе... А јас и цел живот би останала само во твоја прегратка. Како да ми здосади од толку искрена љубов, душиче
Често размислувам за минувањето на времето и минатото, и не ми паѓа на памет ништо поубаво во животов во изминатите години - од тоа што те запознав тебе. Колку само среќна би била да се гледаме почесто... едвај чекам пак...
Подобривме однос, фала му на Господ. И караниците ни траат пократко. Нека остане така, и нека оди на подобро. Се прашувам само, кога ќе ме доживееш во целата моја големина и способност...? Еј, чекај малку, ти да не се плашиш од тоа колку можам да бидам? ... Ваљда не. Знаеш дека си врв и секогаш над се. Знаеш ама којзнае колку веруваш во тоа. Ах драги, опушти се... Нејсе, подобро е. А тоа е најважно. Има надеж. Издржи злато, туркај за напред, ќе бидеме добро. Те сакам!
Ме разочаруваш Не сакам да биде вака. Сакам да бидам центар на твојот свет, ме повредува што не сум...Не сум среќна со тебе, моментално не.
Два три пати пишувам, и бришам се мислам како да започнам? -Мислам дека најдобро е вака: "Колку и да си добар и фин, доколку одлучи поинаку, ќе те отфрли како мивка."
Леле колку си добар дури не можеме да се искараме као што сакам, секогаш сум јас во право на крај и ми попушташ. Знам дека праам шпански кавги понекогаш ама па да биде интересно.