Кога ќе почнеш да ми зборуваш за спомените кои заедно сме ги создале(а јас мислам дека си ги заборавил) се чувствувам најубаво на цел свет. А уште кога ќе кажеш дека сакаш да создаваме нови и кога зборуваш за иднината со мене, за тоа како сакаш да имаме деца кој ќе ни трчкаат по дома и ќе се смеат, кој ќе не будат по цели вечери и ќе не нервираат понекогаш, а од друга страна се надеваме дека ќе си спијат навечер за и ние да се одмориме. Кога зборуваш за тоа како кога ќе ни пораснат децата и кога ќе бидеме постари ќе си седиме сами на клупа во парк како што имаме навика и сега да го правиме тоа. Кога ќе почнеш да ми се смееш и да ме зафркаваш поради моите “бисери“ кои ќе ме пратат целиот живот, но сепак заедно се смееме на истите, а ти ме сакаш и поради бисерите, па ми кажуваш дека твојот живот сум го исполнила со радост и насмевка. Смеењето е здравје. Што да правам кога сум зборлеста и од брзање ќе кажам некој “бисер“. Како да не те сакам кога и ти толку многу ме сакаш мене? Не може, едноставно е ако искрено даваш љубов - ќе примиш и назад. Љубовта е посилна од се. Спомените, насмевките, прегратките, зборовите, погледите, грижата, добрината.... тоа е она што вреди. Те сакам најмногу на свет.
Сакам сега да беше до мене. Како се што се случува во последно време само за да ми докаже дека имам златна особа до мене. Нема да те пуштам, сакам до мене да си останеш. Џабе се плашиш дека ќе ми здосадиш, секој ден сум се посреќна што те имам.
Повеќе не замислувам како ќе изгледа, веќе знам ... Ќе меморираме само нови спомени и убави моменти еден покрај друг ти ветувам. Се ближиме на крајот од долгиот пат.
Таа има очи кој ми ги знаат тајните,сите победи и сите порази,таа има раце кои кријат цели светови,и би умрел јас за тие прегратки.
Немаш поим колку се радувам кога ќе видам дека само што си станал веднаш си ми пишал. Сите овие ситници многу значат.
Не знам зошто упорно сакам да избегнам кавга, можеби се плашам за да не те изгубам зошто знам дека ќе кажам нешто поради кое ќе се каам подоцна. Исто така знам дека и треба да реагирам за дружењето со девојка со која и баш не се сакаме ама не сакам да бидам таа која ти го бира друштвото. Да знаеш, она не ти е пријателка, туку злобна личност која подоцна ќе вмеша прсти во твојот живот и кога ќе се свестиш ќе биде предоцна. Не знам дали да реагирам што не си ист како порано, те нема да се јавуваш како порано почесто исто и да напишаш од твоите пораки за добро утро. Не знам која е правилната одлука, се гушам во солзи а не сакам да направам уште една грешка.
Мислев дека никогаш нема да можам да ти ги кажам сите оние работи што ми се насобраа во текот на годините,ама ете минатата година по сплет на околности ти кажав многу работи кои ти ги имав премолчено,а ми стоеја како грутка во грло....и пак не ти кажав доволно,посакувам само уште една средба со тебе,и ќе бидам конечно слободна...мислите ми се со тебе,срцето е растргано...
Баш се понедавав дека ќе се смени нешто, и ти пак почнуваш да тераш по старо.. Ти давам време до утре, се надевам памтиш дека ми е битен ден. Ако не, thank you, next.
Ме смееш, ме правиш своја дури сум со тебе, ме тераш да дискутирам на теми за кои со никого не сум зборувала. Се е спонтано и природно, чувствувам дека енергиите ни се поклопуваат. Четири часа заедно не ни се доволно а јас со тебе и цела вечер би зборувала и филозофирала..
За скоро месецов ќе се раситни во денови, деновите во часови, часовите во минути, минутките во секунди...а, пак секундите до тој момент кога со нетрпение без броење повторно ќе се најдам во твојата прегратка