Те сонувам постојано, како си до мене, блиску, ме гушкаш кога и да посакам. Замисли, во соновите имам луксуз кога сакам и колку сакам да те гледам. Без разделување на автобуски, без разделување на железнички, без броење денови, без ограничено време... Во соновите немаме никакви ограничувања. Камоли да беше се така, како повеќето парови да си бевме блиску, да се гледавме барем секој втор ден... Пуста да е далечинава
Koга некогаш сум нерасположена или нервозна од било која причина, како да знаеш и баш во тој момент ќе ми пратиш твоја слика со тие убави очи и мила насмевка и веднаш ми го разубавуваш цел ден Или пак кога и покрај сите обврски ќе најдеш 15тина минути да се видиме И уште некои работи што си ги замислувам со нас двајца ќе ти ги кажам во живо, и покажам
Дали знам што сакам од животот? Не. Единствено што знам е дека секое утро најпрво на тебе помислувам. Секој миг, секој дел од денот, повторно ти во мислите. И на крај пред да заспијам, пак ти. Премногу е, те гледам, те чувствувам, те допирам,те слушам, само во мислите. Ми требаш, знаеш, како никогаш досега. Само сакам да те гушнам и да заспијам. Да ме стоплиш и крај тебе да се разбудам.
Откако првпат се видовме, живеам за овие денови Не би се одвоила од тебе, само да можам... Најмило мое!
„ ... Сакам почесто да ги употребувам зборовите: нас, ние, наше, дом, семејство, љубов. Сакам да бидам со тебе и да бидеме НИЕ до крајот на животот... “
Знам дека мислиш дека чекам да ми пишеш. Знам дека ти чекаш да ти пишам. Знам дека си мислиш дека ова е само период и ќе помине, како секогаш до сега. Знам дека ќе се појавиш пак по некое време. Ама ти мене целосно и засекогаш ме изгуби. Тешко ми е, не поради тоа што те немам, туку поради тоа што никогаш не мислев дека ќе дојдам до оваа состојба, да ми е сеедно, да ми е поубаво без тебе. Знам дека ти реков дека не треба да смениш ништо кај себе, ама дефинитивно фалеле делови кај тебе кои очигледно не успеаа да ме задржат. Ти ми беше една лекција, знам што треба да барам во следниот. Ти посакувам се најдобро, и се надевам дека ова е последно што ќе го пишам за тебе.
Уште два дена ти е роденден,не сакам да мислам на тебе,ќе се измачувам и борам сама со себе да не паднам во искушение да ти честитам....
На тие твои наскоро наполнети 31 година се однесуваш како мало детенце кое не знае што сака. Вразуми се, не сум јас партал најден на патот па да си лечиш на мене комплекси. И не, денес нема да те барам, ќе водам инает како тебе па да видиме кој ќе попушти прв.
Еднаш нема да се видиме и колку празно се чувствуваме. Знам дека има парови што ретко се гледаат и благодарна сум што живееме блиску, но кога нема да те видам воопшто не ми е сеедно. Навикната сум на тебе во моево секојдневие, навикната сум да ти кажувам како ми поминал денот, да те слушам за твојот, да се смееме заедно.. Навикната сум на секојдневното гушкање и "те сакам". Навикната сум на мојата љубов и најдобар другар кој секогаш е тука за мене и ме знае подобро од било кој, да си направам убав муабет. Иако поминуваме само околу 2 часа навечер заедно, во следните 22 фалиш да си до мене.
Се видовме на 1 саат и сега треба да чекам 2нед додека се видиме пак. Не ми беше доста да те изнагледам... Да не сум малку неблагодарна што цело време мислам на ова што толку малку се гледаме? Можеби сум...не знам.