„Знаете дека сте заљубени кога не можете да заспиете бидејќи реалноста е конечно подобра од вашите соништа.“
Минам покрај тебе како странец и ја вртам главата за да не ми ги видиш очите...и никогаш нема да знаеш дека цел океан солзи имам проплакано за тебе.
Уште малку па месец дена како раскинавме. Искрено да ти кажам веќе и не чуствувам ништо за тебе, моментално сум среќна и никој не може таа среќа да ми ја зеде. Ти благодарам за тие четири ипол години што бевме заедно, ме научи на многу работи но дотука било. Имај среќен живот исполнет со прекрасни работи, а за мене секогаш ќе останеш некој што ми помогнал кога ми било тешко.
Да ми кажеше некој порано дека и јас, една ладна личност, ќе има живци да има врска на далечина ќе му се изнасмеев во најмала рака. А сега што? Јас скопје, ти битола и резултат 3 недели невидени. Не мислев дека некогаш ќе го изустам ова, ама ми фалиш бе, е*ано ми фалиш иако мојата неромантична природа не ми дозволва за жал да ти се лигавам и плачам. Ама мислам знајш, осеќаш. Муабетењето на мобилен по 2 саати не ми се доволни бе, те сакам до мене!!!
Среќен роденден Постар си за уште една година,ама во умот си уште она истото дете од пред многу години,и таков ќе останеш во моите сеќавања
Трпеливо чекам да ми се јавиш и да прашаш кај сум била цел ден и оти не сум те побарала. А коа јас ќе те прашам истото, чекам да ми кажеш дека си имал работа и дека јас урлам за џабе. А извини, работа ли е да лајкаш све живо и диво на инста ко напален мајмун а? Ајде јави ми се, ќе те изгорам, и онака сум во пмс едвај чекам да ти кажам се и сешто шо ми лежи. И баш ме брига искрено ако се искараме.
Кога ќе прочитам тука се што сум пишала за тебе последните денови ме фаќа срам, а ти да си ми спремал изненадување и да не си знаел како да го скриеш..Пуста јас, пусто мое пмс, извини ако те напнував. Патем, едвај чекам да те видам следната недела.
Никогаш нема да биде исто како што некогаш беше,сеуште збунети мисли,размешани чувства,хаос во главата,незнам веќе што да мислам.
Знам дека се налути малце за тоа што го зборевме вчера ама тоа беше само реален муабет, немав никаква задна намера со него. Некогаш многу брзо си носиш сам чудни заклучоци. Треба човек да внимава на се за да не те повреди. Емоционално ракченце мое.
Во никој случај не можам да се преправам или лажам пред тебе. Одма чувствуваш ако сум вознемирена, иако се трудам да го сокријам тоа. Премногу сум ти благодарна што имаш разбирање за мене и што секогаш ме поддржуваш. Навистина ми е полесно кога ти ја покажав пораката што ја добив од човек од минатото. Не бев сигурна како ќе реагираш, ама ти само ми докажа дека си најдобар и највнимателен човек на планетава. Откако те запознав дефинитивно нема место за други луѓе во срцево.
Ти иако ме нервираш понекогаш и ти се лутам ... Ти и само ти ми го збогати животот со најмногу добрини, најголема среќа, најдлабока љубов која никогаш порано не сум ја доживеала со никого. Толку се приврзав за тебе што не можам повеќе ни да замислам ден без тебе, без твојот глас, без твојата насмевка, без твојот поглед, без твојата прегратка... Љубов си ми најголема.