Поминаа 3 месеци! Уште неполни 12 часа ќе те видам,конечнооо љубооовв Едвај чекам утре на аеродром да ти се фрлам во прегратка Не ми се верува дека си доаѓаш Имај убав и мирен лет среќо
Некој лош период ни е на двајцата, кога останувам сама ми фалиш стариот ти кого и всушност засакав. Но ќе помине, знам... За овие 7 години што не поминавме и овој период ќе помине. Мора !!!
Пред 1 година, на 16ти ноември, ми пиша нешто и знаев дека оттогаш ќе сме заедно, а нашата приказна сеуште трае! Ми пиша: Стварно ли те пали истурање на топли напитоци по тело или се шалиш? @Nigredo Odor За многу години нека ни е
@Afrodite¥ Партнерко по зла нарав, ме раздрма попладневно. Еве ти еден топол чај во знак на благодарност, и за уште многу годинишнини исполнети со љубов. Спојлер Искористи го за пиење, oд 'органски' хибискус е..
Не ми се верува дека утре ќе се видиме. Пресреќна сум, мислев ќе те видам тек за 10тина дена. Ми го направи грдиов ден преубав. Едвај чекам да те прегрнам, да те слушнам. Ми фали твојот глас. Знам дека ќе вредат сите овие жртви еден ден, дека на сите ќе им докажам дека вредело што се трудам за оваа врска и што сум толку сигурна во неа. Не ми влијаат тие коментари дека младоста си ја трошам по нет, чекајќи да те видам еднаш во 2 недели, дека може да си најдам друг што ми е блиску и да сум со него секој ден. Не ми треба никој друг, ме интересираш само ти и само тебе те сакам. Ќе помине еден ден и оваа далечина знам, ќе успееме.
Ете, се’ свое би ти дала за да ме знаеш, само за да можеш во кожава да ми влезеш, за да видиш дека зад овој скаменет лик има оган и виор, љубов за тебе, која себично во себе ја чувам, оти без се’ друго знам, од се’ друго можам да се откажам. И еве, те стокмив со сите сетила кои од себе ги извадив, кои ми носеа бол и најголема радост, и останав само со љубовта кон тебе во себе..... Ана Бунтеска
Секој 21ви се сеќавам како започна нашата љубов. Тој ми е еден од омилените денови и мигови што некогаш сум ги доживеала. Искрено на почетокот се плашев дека нема да можеме да ги издржиме проблемите и за брзо ќе се распадне нашата врска ама ете грешка бев, тоа само ни ја направи врската поцврста. Точно 5 месеци љубов, фала ти што ме трпиш и да ни се множат, да бидат и години. Овие 5месеци сум многу побогата во животот, те имам тебе.
Ноември е месецот во кој се запознавме, а месец дена потоа започнавме љубовна врска. Ти си најубавото нешто шо ми се случило. Ти благодарам за секоја подарена секунда од твоето време, ти благодарам за бескрајната љубов која несебично ја споделуваш, ти благодарам што постоиш. Те сакам многу љубов моја и ти ветувам дека секогаш ќе се борам за нашата иднина.
Немам што да ти кажам јас , вечер ти ќе зборуваш...Јас животот на тацна ти го дадов, светот ти го дадов, ти го гледаш и ја вртиш главата. Немам сили повеќе, ако не сум јас да ги држам конците во врскава, одамна се ќе беше завршено. Живот си ми,биди ми убав, не ме разочарувај!