Ти се восхитувам на трпението што го имаш во врска со мене. Знам дека сум малку тешка особа карактерно ама ти одлично се справуваш со мене.
Ти благодарам за досегашното трпение со мене. Ти благодарам за то шо мислиш на мене, иако јас не. Ти благодарам шо си заљубен во мене и кога "без причина" ти се дерам, мавам, штипам, се однесувам неприкладно за моите години, се однесивам лошо со тебе без никаква причина. Благодарам за љубовта која ми ја пружуваш секој ден, без да чекаш да ти ја возвратам. Благодарам шо ме сакаш и кога јас не се сакам. Благодарам шо не очекуваш да те засакам, а сепак ме сакаш.
Четвртата година изминува, и не, не ми се здосади да те чекам. И не ми е криво што најубавите млади години ги потрошив сакајќи те само тебе, чекајќи те тебе, патејќи по тебе. Јас сум родена да живеам за тебе. А ти... Само биди ми среќен, каде и да си, со која и да си...
Се немавме видено скоро 3 недели. Едвај чекав да дојдам да се видиме, едвај чекаше и ти, си велам. Кисневме на телефон. Сеа коа веќе сум тука, а не сум за долго туку само 3 дена, осеќам дека ни јас ти сум тебе приоритет за да бидиме квалитетно време заедно, ниту па ти мене. Излеа здраво за готово се земаме и двата, не знам само кога ќе пукни тиквата меѓу нас, ама знам дека кога ќе дојди тој момент нема ни со прст да мрднам за да спасам нешто од тоа нашето.
Со кој памет ми ѕвониш кога не се јавувам? Среќен си или само така глумиш, вчера кај неа одиш дома на слава а денес мене ме бараш. Човече имај почит кон таа која си ја одбрал, мене остави ме на мира.
Никогаш не би помислила дека може да ми разбудиш толку интензивни чувства. Има нешто во тој поглед, во суштина можеби сум тип на човек кој паѓа на поглед, поглед и насмевка. Толку сензуално, толку еротски. Дојде и се поздрави, го чувствувам топлиот здив на вратот, предизвика ежење. Се поздравивме со бакнеж во образ, а усните толку меки... можеби и за влакно не се допираа, а мојата возбуда расте. Специфична боја на очи, ух, сѐ траеше толку кратко, како да создаде мало невреме во мене, ми ги разниша сите емоции, ме тераш да направам погрешни работи, лоши..неморални. А толку е добро колку што е погрешно.. зошто едноставните работи самите ги правиме тешки. Ало што ти е, одекнува внатрешното јас во очаен обид да се вратам во нормала, а јас во мислите веќе се еб*м со тебе... Толку те посакував и уште те посакувам, неостварена фантазијо на чекор да стане реалност, а јас тапкам во место, не знам што сакам...
Па зар е можно да си до толку ..не знам.Ни два реда муабет не знаеш да сврзеш,ни да се покажеш дека си тука а камоли па дека знаеш да се поставиш во одредена ситуација.Мислам застанал како некоја бандера и ни збори ни ништо.Па од после он сакал да каже,да направи нешто..Да да секако..ќе биде на 36ти декември.
Вчера само ми докажа дека си личност со која вреди да се гради иднината. И не знам кај ќе сум за година-две ама знам дека само тебе те сакам во мојата иднина. Се надевам тука и ќе останеш.
Да не беше ти мојот живот ќе беше рамна беживотна линија. Ти на мојот живот му даде живот. Направи мојот живот да пулсира .
Знам ...знам.. Знам дека те нервирам. Особено кога повишувам тон...и јас се нервирам затоа и повишувам.. таленти сме и двајцата, ќорави, забегани .. Можеби затоа и се согласуваме Или со тешки маки ме трпиш
Едвај чекам да те видам, ти благодарам што не ми даде ни во ниеден момент да се почуствувам осамено толку време, иако знам дека дупло ти е потешко од мене, уште малку душа моја