Не знам, не знам како да ти кажам колку многу те засакав за оваа пола година што сме заедно. Знам дека знаеш, истото и ти го покажувам но на моменти ми доаѓа да извикам колку многу те сакам, да слушнат сите. Те мислам, те сонувам, те сакам, уште повеќе те посакувам и копнеам по тебе.
А што, ти мислеше дека сум будала...? Дека не знам? Дека нема да проверам, да се посомневам? Наивна, наивна, ама имам и јас лимит.. Не знам исход, сега знам само што треба да направам. Па ќе видиме..
Декември месец ти е кнап со работа, турбо пред нова година, сите се сликаат, слики прават, ти сликаш, обработуваш, не спиеш доволно, уморен си... а мене ми фалиш.
Сакам да се вратиме како пред годните ... макар за момент.. моментот го сакам и ми треба.. Да се опуштиме и гушкаме Да бидеме еднаш ние од порано Да го осетам адрналинот и пеперутките барем еднаш годишно како годинава што се вративме на ние и на тоа едно најслно и најадреналинско чуство.
Се надевам за утре се ќе испадне по планот, многу сакам да те видам. Кој ќе чека инаку до следната недела. Ми фалиш премногу.
По која патека тргна низ стаклениов лавиринт, не можам да те најдам за да те допрам... те гледам, ама ѕидови не делат.. Каде си? Преку кој ѕид да поминам?
Ти и топло чоколадо и тоа е совршен зимско-есенски ден. Си поминав многу убаво денес, сакам повеќе вакви денови.
Многу посакувам да ја немав депресијава, за да не морав секој ден да се измачувам со тоа како да ти објаснам дека едноставно сум тажна без конкретна причина, и зошто не ми се прави ништо, и дека не си ти крив. И посакувам да можеше барем малку повеќе да ме разбереш. До сега секогаш си ме сфаќал, или барем така ми се чинело, ама тоа што ми го кажа денеска ме повреди многу, а посебно што имаме толку различни погледи на нешто што е дел од моето секојдневие. Пак тонам во црната дупка, и жал ми е што те отргнувам, но не сакам да ме гледаш ваква. Те сакам многу, ама во депресијава сум сама против себе, и морам сама да се изборам.
Кога ќе проверам мобилен после долг ден на предавања и ќе прочитам кјут порака и „те сакам“ од тебе, твојот фин хумор, па ќе си помуабетиме... бесценето ми е! Одмор си ми, и насмевка, и топлина во ладниве денови...
Ме знаеш добра, фина наивна, ама не знаеш каква кучка можам да бидам. После она шо ми го приреди преку ноќ, само гледај сега
Посакувам да знаеш дека забележувам се' што правиш за мене, сите начини на кои ми помагаш за најситни проблемчиња, сета утеха и поддршка која ми ја даваш, сите насмевки и начини на кои се обидуваш да ме расположиш, сето разбирање за мојата повлеченост и несигурност. Го ловам секој поглед кој ми го упатуваш и неизбежно ми предизвикува насмевка каква што веќе од поодамна не ми предизвикал некој. Ми значат сите разговори со тебе и начинот на кој правиш да се чувствувам. Со тебе можам да бидам природна и своја и да бидам прифатена таква каква што сум. Но сето ова ме прави да треперам. Одам чекор напред па повторно се враќам назад. Сакам повторно на некој да му верувам, сакам повторно да бидам сакана, сакам да имам пријател и сродна душа покрај себе, но ми треба време. Знам дека заслужуваш шанса, но сакам да се движиме полека. Се надевам дека времето нема да ја избледе сликата, туку само ќе ја засили секоја емоција и ќе создаде уште посилен колорит
Зарем навистина помисли дека јас сум таков човек што би сакала да ти расипам нешто намерно и на таа твоја сакана би кажувала нешто што би влијаело лошо на односот ваш?Баш напротив,јас пред неа секогаш и правам некој муабет што и укажува на тоа ти колку многу ја сакаш. Зошто упорно ме повредуваш.?Зошто после толку години немаш доверба во мене и сепак нејзи и веруваш ,а таа си ги превртува работите како нејзи и одговара . И не ти е прв пат,повеќе пати ме имаш прашано што правам со неа дали контактирам тајно. Ти веќе од занес по неа и од страв да не те остави се заслепе и ништо не гледаш како треба. А верувај, секако ќе те остави еден ден,само ти тоа не го насетуваш,заслепен си. Криво ми е што се околу тебе се погрешни луѓе. Самиот викаше дека си немал некој искрено што те сака. Не е проблемот во другите луѓе, проблемот е во тебе , зошто ти самиот сакаш да им веруваш на таквите и такви те привлекуваат, луѓе што со некој сладок збор или интрига ќе ти го привлечат вниманието и после да може и кожата ќе ти ја одерат . Жал ми е за едно само. Жал ми е за тебе што стварно немаш никој што искрено те сака ради тоа во душата што го имаш и жал ми е за себе што се најдов на погрешно место во погрешно време и што немам право да ти покажам колку знаеш да бидеш вреден за некој човек. Ама несмеам, не сум научена и воспитувана на таков начин на живот.Никогаш и ништо во мојот живот толку не ме заболело како сега оваа ситуација,освен покрај смртта на мајками нормално.Само незнам со која причина Господ ме пратил тука, за да направам грешка непоправлива? не,не е грешка моментот поминат со тебе, тој ќе го запаметам како најубаво нешто , ама сепак не требаше да се случи , додека сум жива совеста ќе ме гризе . Ама останувам на тоа дека жалам што сум погрешно место и време тука, што неможе да ти се покаже навистина ти колку знаеш да вредиш на некој човек,колку навистина значиш некому .А можеби подобро е и вака, зошто да биде спротивно тогаш би била повеќе повредена,знаејки дека те сакам а ти гаиш чувства за друга. И не е точно дека чим сум сакала од тука да излезам значи не сум те сакала.Баш напротив , сакам да излезам зошто не сакам да седам како странец тука и да се преправам дека ништо не се десило и да трпам да седиш како намчор Само се надевам дека ќе бидеш човек и ќе стоиш на зборот на никој да не кажуваш,се додека ти си стои на збор и јас ќе стојам,барем толку почитувај ме , не ти барам многу. Убаво викаат НАЈДИ НЕШТО ШТО ГО САКАШ И ДОЗВОЛИ ДА ТЕ УБИЕ
Ми доаѓа да ти го завртам бројот, да ти кажам дека те сакам, дека ми недостигаш и денес, повеќе од вчера, многу помалку од утре, ама на работа си и веројатно нема да го слушнеш телефонот.. Знам дека не сакаш лигавење, ама ќе ти го кажам истото, кога повторно ќе ти бидам во твоите прегратки кај што најсигурно се чувствувам, онака случајно, препуштена во нашите моменти.
Од самата помисла дека се разболе еве и јас се разболев тоа од солидарност кон тебе не знам дали да плачам или да се смеам