Каде ли си ноќва? Со кого ли си? Добар ли си, среќен ли си? Седам до прозорецот, гледам во небото полно со ѕвезди и цело време си ги повторувам овие прашања. Камо ѕвездите да можеа да зборуваат, па да ти кажеа се.. Не дека тоа нешто ќе сменеше во твојот живот, туку онака, само сакам да знаеш... Кој знае каде си... Само биди среќен и насмеан, единствено тоа ми е битно...
Разочарана сум од тебе. Каде ти се желбите, енергијата и амбицијата? Спијат најверојатно, додека ти будно си го трошиш времето со небитни работи и небитни луѓе... И што е сега, каде ти е мотивацијата? Тоа ли е мерка за среќа? Да те влечат надолу. Но добро. Не сум љубоморна, но не ми е сеедно да те гледам како пропаѓаш, не поради себе, туку поради други... Ете сакаше простор, рашири се... но се повеќе се стеснуваат моите чувства. Дури и исчезнуваат. Секогаш се враќаш кај мене, кога нема каде... Сега не враќај се, ќе ме нема мене таму. Ќе ме нема во секое време. Ќе немам време. Сега јас сум битна. Ти си само стар филм со глуп крај, лоша глума и погрешно место на настанот.
Дали премногу барам од тебе ? Или пак не? Мислев дека го најдов тоа, но изгледа грешка сум била, а можеби и не. Ќе покаже времето како и што. Немам повеќе што да ти кажам...само ме разочаруваш, а истовремено и те посакувам.
Бурава нема да трае засекогаш. Ќе ми дојдат и мене подобри денови.. Те нема нигде сега, немој ни после да доаѓаш.. Доста ми е од зборови и инаетења и намќорлак и понашања разни, ако не можеш да докажеш и покажеш, пријатно, со здравје!
Како секогаш успеваш да најдеш начин да ме разнежниш и расположиш... Иии.. знаеш дека мразам скокоткање, ама од друга страна знам дека ти е забавно кога се смеам. Не требаше да ти кажам каде сум најскокотлива
И двајцата се лизгаме од раце... и во оваа точка, се молам да имаш трпение. Се молам да го видиш тоа, што јас неумеам да го покажам. Остани... сé ќе има смисла, ти ветувам.
„Без разлика дали се работи за пријателство или за љубов, сите врски се градат врз основа на доверба. Без неа, немате ништо.“
Мој виртуелен другар вечерва ми побара совет како да ја освои мојата другарка. Му дадов совети и му кажав како постапи ти додека ме освојуваше. Му стана идол, ти се воодушевува. А ти мило мое, спиј мирно, јас ќе те чувам во мислите.
Штета што не се сретнавме уште порано. Малку ми е еден живот, за минење со тебе. Малку ми е и вечноста. п.с. неделна доза патетика
Ни ти не ме познаваш во целост. Но, таква сум јас, понекогаш повлечена, се кријам кога плачам и се правам силна во меѓувреме. Не ми се солзите поради тебе бидејќи за овие 5ипол години ни еднаш не сум плачела поради тебе. Можеби од среќа - да. Ти единствено ме правиш среќна. Но, јас длабоко во себе кријам таги кои понекогаш ми. предозвикуваат солзи. Но, сеуште не сакам да ги кажам. Не сакам бидејќи не знам ни јас зошто понекогаш сум толку тажна можеби и безпотребно.
Обожавам кога ти лежам на гради, а ти ме чешкаш по косата и на пати ме бакнуваш в чело, додека си разговараме за најразлични работи. Потоа за момент на тишина лежејќи го слушам чукањето на твоето срце и си велам: "Е ова, ова е причината за која јас живеам".