Живеам за деновите кога ќе имаме повеќе време за нас... Ми фалиш на секој можен начин. Брзо ќе помине и овој период
Колку многу ми влијаеш најубаво, што често се возбудувам и не знам што да ти кажам Среќа си ми, убавецу, среќа.
Имам тони за работа, ништо не сум почнала нит па завршила, а јас се фаќам себеси како зјапам во ѕид и мислам колку ми треба да се будам до тебе, да ти се припивам колку што е физички возможно, да те малтретирам, да те гризам, топлина, вакуум, чешкање до бесвест, бакнежи, џем од јагоди и палачинки во кревет. Жива деконцентрација си, мајке ми.
Дечко, толку си убав не можам да ти се нагледам. Кога сме во друштво ко ќе ти го видам самоуверениот став и погледот - ммм.Ама не си секогаш самоуверен те знам јас, но во јавност секогаш делуваш така. Те ставив на позадина да те гледам. Ах ми недостасуваш.
Читам по форумов колку се сакате, и срце ме фаќа... Епа драги, што би рекла песната... Ја не могу да живим у лажи ако то можеш ти.. Мораме на дистанца малку.... Чунки, во Бардовци понормални се од нас во последно време. Ќе си најдеш ти занимација, итар си, само што ќе правиме после со занимацијава твоја, е тоа не знам.. Нејсе, Бог ќе помогне.. Изгледа јас и ти сме му најглупите две овци. Ако бе. Ако...
Кога зборувам со тебе се чувствувам како добар човек. Многу подобар одошто сум. Целата зрачиш со ведрина и добрина. Љубов ли е?
Многу ми е криво што за утре испадна да не можеме да се видиме. Кој ќе чека уште денови за да те види и изгушка. Ама сепак вредиш и да се почекаш
Жал ми е, ама не си тоа што мислев дека си, ќе си најдеш подобар. Не сум спремен да се убедувам себе си и лажам себе си дека ќе успееме. "Ракот" во рана фаза се лечи, не сакам да кршам туѓо срце.
А да ти текнеше да викниш на едно кафе? Мислам комшиско кафе. Дај сфати бе момче, мечка да беше до сега ќе сфатеше. Уффф не можам вака, изгледа јас ќе те викнам на кафе
Баш така. Работите се менуват, како што кажа. Ти таму, јас овде или никаде, но без тебе. Тешко беше пред да сфатам, но веќе не. Се навикнав. И ништо не ми фали, не ми фалиш ни ти. Може некогаш само ќе заспијам со меланхолија, ќе заглавам во моменти, и ќе шетам низ спомени. Може некогаш ќе прелета некоја пеперутка во стомакот ако помислам длабоко на тебе, но за кратко ја снемува, како што те снемува тебе. Но ме гледаш ли некаде, ме слушаш ли? Не, ме снемува и мене.
Колку е убаво кога наутро прво ќе го слушнам твојот глас и така ќе ми почне утрото. Посакувам да имавме повеќе прилики да збориме по телефон. Но, со тек на време ќе се средува се. Сигурна сум во тоа. Чим до сега речиси пола година се справуваме со се, ќе успееме.