Љубов успеавме,да успеавмеееее,не ми се верува,после све што се случи,конечно заедно да живееме,аххххх те сакам највише на светот
Сакаш да знаеш зошто те сакам? Затоа што си едноставен, толку многу скромен, толку многу мил и прекрасен и уште илјада причини. Ми измамуваш насмевка штом ти го слушнам гласот а замисли па како ми е кога сме заедно. Ми рекоа среќник си ти што ме имаш мене.
се сеќаваш на таа јулска ноќ кога си ја загубив обетката во тревата, а ти на слабата светлина од фаровите два часа ја бараше? Таа вечер во воздухот се чуствуваше пресладок мирис на расцветани липи ,а еве и сега во оваа зимска ноќ кога ќе помислам на твоите очи и на слатките бори на нивните краеви, ми поминува низ глава фактот колку чисто и едноставно те сакав тогаш и таму. Ми недостига тоа мил мој ....
Ме излуде со еден поглед досега толку страсно не си ме погледнал и толку блиску, така да стоиме гледајќи се. Ахх да бевме самии очиња мои сини А последниот поглед ни беше со насмевка ми го разубави викендот слатко моее Споро ни оди но сигурно,од ден на ден ме уверуваш дека си само мој .
Да Бог те остави таа и сам да останеш цел живот. Не знаеш што правиш и не ти простувам, само ќе кажам -Има Господ. Има и карма. Тие се ќе ти вратат кога не можам јас. Понекогаш болкава е неиздржливо тешка и ми се плаче и се плашам, но се надевам ќе помине се бидејќи можам да си починам буквално без тебе. Многу ме боли душава што не сме заедно.
Се мислам дека си заборавил се што ми кажа, а потајно сакам некаде на некое скриено место да ги чуваш твоите зборови, моите насмевки, солзи, тага болка и пак да си кажеш како да сум таму-зошто сакаш да слушаш толку меланхолични песни кога си со мене?? Никогаш не ти кажав да можев ќе ти кажев затоа што знаев дека срцето ќе ми го искорнеш, животот скратиш и лишиш од сета детска наивност, бескрајна верба и доверба . Знаев дека душата ќе ми ја отруеш од сомнежи од тајните во твоите очи и премолчените зборови од твоите кои не сотреа нас. Но ете било и поминало...
На овој ден пред 4 години ми се смени животот благодарение на тебе. Ме научи да сакам и да бидам сакана, му даде смисла на мојот живот. Те сакам највеќе на свет. Нека ни е среќна годишнината и нека ни се множат уште многу години.
Добро знаеш дека сум во право... Се плашам дека на крај сите работи што полека полека ни ствараат кавги ќе успеат да не разделат...
Ах љубов, ах љубов. Што ми направи - љубов? Се кршам самата, а ти повторно ме составуваш. Ах љубовта твоја - прекрасна е. Те сакам.
Ми фалиш! Премногу... Не знам како ќе издржам до крај на месец да не те видам... Не знам како... Леле ќе пукнам од тага! Не можам ни на раат да се исплачам тука кај што сум.. Ми фалиш! Ми фали да сум до тебе и да се гушкаме, да се љубиме, да те чешкам по брада, да се стуткам во тебе како мало дете, да ме плеснеш по газ кога поминувам, да ме закачаш додека мијам садови, да те чекам да се вратиш од работа и да те бацам кога ќе влезеш низ врата, ми фали да заспивам со тебе и да се будам со тебе... Те сакам!!!!!
Ти не знаеш што значи да се нема. И не мислам на тоа дека се немало пари да се оди на одмор, или да се купи компјутер зошто другите деца имаат а ти си немал или си немал брендирана облека. Зборам за немање кога мајка немала што да им даде на децата да јадат па правела каша од брашно и вода, кога во кајганата ставала вода за повеќе да излезе, кога сме седеле на свеќи зошто струјата ни ја исклучиле и од што мораш ќе научиш како да влечеш кабли од таблата до осигурачите за на диво да се приклучиш. Кога татко идел приватно да работи од јутра до сутра за да некој манга не му плати и со закани со триста глупости да успееш да ги земеш парите што тешко си ги заработил, за да платиш долгови и на децата да им купиш не пакетче туку една чоколада од 20 денари за под елката. Тоа е немање и ред други работи што ми стојат како кнедла во грлото и не можам да ги кажам зошто ќе се распаднам како кула од карти...