Денес дознав дека имаш девојка со исто име како моето... и сакам да ти кажам дека ако во иднина имам син, и јас ќе имам некој до мене со исто име како твоето...
Од кога не сме се виделе како да си станал уште позгоден во рамењата. Ах бе, само 10тина дена те немам видено, а се осеќам како 100 да прошле...
Кога ми ја прати таа сликаМногу посекси си станал И кога ти викам дека не сакам ништо за роденден, во тоа ништо спаѓа барем нешто благо
Фала што постоиш. Ти си еден, единствен. Поразличен од сите други, нека блеска засекогаш сјајот во твоите очиња. Цел мој универзум... Те љубам !
Го чекам петокот како ладна вода во летните горештини. Да те видам, прегрнам, бакнам, да се стуткам во тебе а ти да ми мрчиш дека сум те истуркала до крајот на креветот.
Не можам да разберам како сум можела да изгубам толку време на тебе. Се појави од никаде, ми направи хаос во животот, ме остави и си продолжи да си живееш како јас никогаш да не сум постоела. Среќна сум што веќе те нема во моја близина. Барем научив да се сакам, откако те изгубив. Само требаше на твое место да е некој друг што ја заслужува сета љубов и посвета што залудно ти ги дадов на тебе. Ти не заслужуваш ништо од мене. Ни еден сантиметар од моето тело, ни една мисла утринска, ни една лузна на душата, ни еден збор, ни еден стих. Ти не ја заслужуваш неизвесноста во ноќите, и времето низ годиниве. Ти не ја заслужуваш полната месечина што ти ја дадов, ни една пеперутка во стомакот. Ништо.
Се разбудив мислејќи на тебе ова утро. Никогаш не сакам да ги заборавам ситниците од тебе кои ме прават среќна. Тоа се мали работи дури и незабележителни во овој брз и динамичен свет. Работи како: бакнеж во чело додека работам нешто, галење по коса, насмевка, купено чоколатце да се заблажам(бидејќи си мислел на мене), повик од 5 секунди за да ми кажеш дека ме сакаш и да ми го слушнеш гласот, помош околу некоја работа која трае 3 минути но, немам време да ја завршам, поглед кој некогаш не можеш да го тргнеш од мене - и да знам што значи... Малите работи градат голема среќа. Фала ти за се љубов