Колку ми фалиш и ми требаш, мило... Те сакам само тебе покрај мене, на топло и удобно под ќебе, да изгледаме некое филмче како луѓе, натенане да се изназбориме и изнасмееме... Толку многу ли е ова да го барам(е) од животов? Ах...
Јас едни рани затворам,други отварам. И така се во круг. Кога боли повеќе,кога помалку. Така веќе не е битно.
Само сакам да ти кажам дека ме инзервира и да не ми се јавуваш поарно ич оти нема да ти кренам. Е така.
Два дена слободни и сакаш најголемиот дел од двата со мене да го поминеш? Сакам да имам убаво претчувство за сето ова меѓу нас, но искуството си го направило своето и не ми дава така лесно да верувам. Докажи и покажи па јас дупло ќе ти дадам и возвратам..
Поминував на нашите места и сфатив колку ми е само празно кога вака шетам сама таму... Многу недостигаш, проклета да е далечината и тоа што не можам да те гушнам кога и да посакам...
Толку си близу а сепак толку далеку.Не можам да те видам.Да те допрам.А тука си.На неколку чекори од мене. Знаеш дека копнежот по тебе го гасам со алкохол.
Зборовите најмногу повредуваат, да си знаеш. Многу повеќе болат и од 100 шамари.. А јас кажан збор не заборавам.. само го потиснувам и пробувам да поминам преку тоа..
Не ти требаше тоа вчера. Стварно не ти требаше. Да си проверел као ќе изреагирам? Толку не личеше на тебе...Толку ме потсети на некој друг, а добро знаеш дека порано пред да почнеме врска ти кажував колку ова ме нервира. Почна да ме носиш на работ на лудило. И почнав да се прашувам дали уопште ова љубов е?
Море, личен, ти тумкав две години како не си нежен, како не си романтичен, како не знаеш да покажеш љубов, и оп, ми ја затвори устава за век и навек. Во лошото ми ја покажа најголемата љубов. Не знаев дека и тоа го имаш во себе. Ветувам, нема да те гњавам веќе за глупости.. Гушки, бацки мил мој!
А бре, јас вака одамна не сум се почувствувала. Немам желба ни да ти се јавам, ни ништо. Ама еве пишувам за тебе и те мислам. Се лажам самата дека можам без тебе и дека ми е убаво кога не си покрај мене. Не ми е добро... осамена сум. Ама немам желба да ти го кажам тоа. Тоа е лошото. А ти па, не ми се јавуваш. Епа тоа е - налутена сум ти малце пошто ме нервираш. И уште повеќе ме нервираш што те нема да се јавиш. Ај да видам баш кога ќе ти текне. Ја не ти ѕвонам.
Престани да ми ѕвониш секогаш кога нешто ќе те потсети на мене! Мртов си за мене, мртвите не оживуваат!
Ова не е можно ... јас ти викам : лута сум ти. А ти ми викаш лут сум ти и ја тебе оти си ми лута... Стварно??? Сакаш ли да се караме љубов? . Не може да си ми лут ти мене, можам само ја тебе да сум ти лута. како децата сме