Ме правиш да се смеам како луда, даваш до знаење дека сум сакана и тогаш кога не сум многу за сакање, вложуваш труд за мене секој ден и си ми најдобар пријател истовремено пред кој можам да бидам вистинската јас.. Зошто ли некогаш верував дека треба да бидам задоволна со помалку од ова?
Во овој зимски, ладен, снежен ден сакам да си до мене, да сум ти во прегратки и заедно низ прозорецот да го гледаме снегот. А ти пак си на работа
А што се обидуваш да поправиш сега? Мислиш ќе успееш уопште да поправиш нешто? Да мислеше порано добро ќе беше.
Каде ли си, што ли правиш, изминуваат денови, месеци, години, а јас си го поставувам истото прашање. Ми недостига твојата насмевка, твојот мил поглед, твојот ангелски лик. Стави барем слика на социјалните мрежи, затоа што само на тие слики можам да те гледам без престан и да ти се радувам..
Не можам да направам повеќе од тоа што направив досега. Останатото е на тебе. Што и да одлучиш, знај дека секогаш ќе имам разбирање
Спремав говор за вечер да те отерам у пичку матер. Ми е гајле колку фуј и некултурно и да звучи ова на јавен форум вака напишано, така се осеќам. А крај краева која е цела да ги маскирам чуствата кои ги искажувам тука? Хм? Наместо да си среќен шо и кога сум во друштво те барам да ти го слушнам гласот, ти ми креваш со тон во смисла: кој те е*а, излезен сум. Сериозно бе? Треба да ти се извинам шо ти се јавив кога си зафатен? Гледајќи ги другите парови како си киснат кога и да се слободни на мобилен, и општо кога зборуваат за нив и нивните врски бликаат од топлина, се прашувам дали сум со вистинкиот или губам време со некој како тебе.. Не ми ги искушувај границите на трпение. Цел живот сум сама, се навикнав да живеам ко волк меѓу толпа луѓе. И да знаеш ич нема да ми е проблем да те избришам од животот ко никогаш да не си постоел.
Љубов до вчера ти бев лута но, денес ... до тебе е или јас преувеличувам? Се прашувам секој ден? ... Толку ми беше тешко да верувам некому, а сега кога ти верувам тебе постојано одново и одново се прашувам како е можно сеуште да не си ја изневерил мојата доверба. Сето ова ми е како една преубава љубовна приказна меѓу нас двајцата. Понекогаш мислам дека не е реална. Не сакам никогаш да заврши оваа наша љубов бидејќи ми прија, па дури и во деновите кога сум лута и нервозна... А јас и мојот песимистички дух - често помислувам дека оваа убавина ќе заврши, дека ќе престане. Но, нека потрае колку што е можно подолго.
Фала ти што си тука и што си ми поддршка кога се распаѓам од овој факултет. Се гледаме наскоро Ти спремам уште едно поклонче.
Додека не се видиме очи во очи и не направиме убав разговор нема да се однесувам исто. Мене не ми треба љубов во форма на емотикони, стикери, гифови...сакам љубов во живо. Може тоа е и проблемот, не се гледаме често, ти си срамежлив и во живо не можеш ни да искажеш се шо треба. Не измачува оваа врска на далечина ептен... Не може да ми биде сеедно тоа кога ќе се видиме и ти да ми збориш требало да се помирам со ситуацијата и можностите. А да се обидеме нешто да промениме? Не сакам рамнодушни и неамбициозни ликови.