Кога тебе не ти е добро и мене ме боли срце. Толку ми е тешко кога ја нема таа мила насмевка со која ми го грееш срцето. Посакувам да ти се фрлам во прегратка, да те потсетам дека сум секогаш тука за тебе и како што ти ми помогна мене, така сакам и јас тебе. Ти толку многу заслужуваш најмило
Не ме држи место деновите пред да те видам, викендов саат-два порано станував од вообичаено Уште еден ден, па пак ќе ти ја наведнам главата на рамо, ќе ми те избакнувам, изгушкам
Никој ме нема повредено како тебе, и еве после 8 месеци откако започнавме, 3 откако те видов последен пат, јас не можам да те извадам од глава. Се будам и заспивам мислејќи на тебе, а не те ни сакав. Барем да се покаеше за тоа што ми го направи, можеби сега ќе бев помирна и немаше да зафаќаш толкав дел од моите мисли и сништа...
И вечерва те замислувам до мене. Како и секоја вечер пред спиење.. Пред мене стоиш со тој ангелски лик, најмил поглед, мило ми се смешкаш и чекаш да ти се стуткам во прегратка и така да заспијам. Ахх бе....
Добив желба од нигде никаде да ти кажам дека те сакам ама се сетив дека тебе не ти е гајле. Ми падна уште потешко дека уште еден ден нема да го слушнам твојот глас и таа прекрасна насмевка, толку совршена. Јбг.
Прекрасно е чувството кога се гушкаме и бебо клоца, па галиме мешко и го чувствуваме Ве сакам бее !!!!
Дур не собереш храброст како маж да бидеш искрен со мене и да си ги признаеш пороците што си ги направил, нема да ти верувам ниту да се чуствувам сигурно со тебе. Толку е тешко да се сфати..?
Ти што можеш да ми направиш, никој друг. Кој ти ја даде таа моќ? Јас.. Ај сеа биди добар и прави тоа што треба..
Ме исконтактира сестра ти, се гледаше дека многу и е криво што се заврши така. Ме посоветува да те контактирам, некој да ја погази гордоста, било кој а јас знам што ќе се случи. Нема да имам ниту фидбек од тебе а и да вратиш, нема да биде кој знае што. Те сонував, сме зборувале на телефон и сум дознала дека ќе се жениш. Немаш појма колку плачев и се мачев во сонот. Ми фалиш по малку, но не претерано, не знам дали е ова затишје пред бура. Не знам ни дали потешкото допрва следува. Не знам како да се однесувам. Се плашам.
Ти си причината што со радост си го чекав овој роденден како мало дете, и што ми е среќен. Ми ја одбележа годинава на прекрасен начин. Горда сум, благодарна и среќна што те имам во животов... Најубав подарок ми е времето поминато со тебе, и најголема желба - да го оддржиме и разгориме покрај сите околности тоа жарче меѓу нас кое ми ја грее душава... Те сакам премногу, најмило!