Зошто само не ги отвориш очите и видиш дека имаме се? Имаме се, што уште бараш, каде сакаш да одиме? Зошто бегаш од реалноста, која веќе постои, со желба да створиме друга некаде далеку? Тешко ќе биде. Многу потешко отколку што е сега. Не знам дали сум спремна да ризикувам се и да одам по твојот ум. Не знам колку е паметно.
И повторно не можам да заспијам, ме мачат мислите за тебе... повторно со погледот низ прозор упатен кон ѕвездите му се молам на Бога, ако спиеш да ти даде мир, ако си излезен да те чува, ако си со некоја да те прави среќен...
Убаво си поминавме вчера ама баш ги нервиравме тетките у кафичот кога ќе ме гушнеше или бакнеше на чело. Дури мене незгодно ми падна од толкаво зјапање и оговарање што ни удрија.
Секоја секунда позитивно ме изненадуваш и животот ми го разубавуваш. Најсреќна сум поради тебе и најдобро ми е до тебе
Ти си прекрасен човек и многу ми е жал што не успевав да те гледам како нешто повеќе од другар,сигурна сум дека која и да е девојка ќе биде пресреќна со тебе,жал ми е што касно сфатив некои работи,знам дека да се обидов со тебе ќе направеше да те засакам многу ама доцна е,јас имам некој покрај себе што ниту сум го изневерила ниту ќе го изневерам,жал ми е што не си успеал да најдеш некоја и да ме заборавиш мене,не ти дадов ни најмала шанса никогаш а заслужуваш многу ама не со мене,биди среќен и заборави ме.
Кога светот во еден ден ќе ми се сруши повторно и повторно, кога ќе ми тргне денот наопаку, кога ќе ми се деси се најлошо и ќе ми дојде преку глава од животов... го дочекувам ова време од ноќта, се повлекувам во соба во темница и мислам на тебе. Во моите мисли ти си до мене, тишина е, ти го слушам само дишењето.. во моите мисли јас сум во твојата прегратка, далеку од цел свет, заштитена од се, таму сум на сигурно...
Мило ми е што не морам ништо да ти кажувам и докажувам. Понекогаш не разбирам колку сум најсреќна со тебе, кој терет од грб ми е паднат со некој како тебе што не живее почитувајќи клише нешта наметнати од ова искомерцијализирано општество. Но секогаш разбирам и знам ти си најдобриот подарок за мене секоја нова година.
Посакувам да си најдеш некоја што ќе те чува повеќе од мене.. што ќе те сака повеќе од мене .. што ќе те нервира помалку од мене .. што ќе може и ќе сака да живее на начинот на кој што ти сакаш .. некоја што ќе се задоволува со трошките од твоето внимание и љубов .. некоја на која нема да и смета да не ја регистрираш додека ти збори А додека најдеш таква јас ќе те сакам, пазам и чувам ... и ќе гледам помалку да ти се појавувам пред очи за да не те нервирам..
Иднина немаме. Во чуда не верувам. И сегашноста е далему од сјајна. Зошто тогаш неможам да ги отргнам бар мислите од тебе?
05:33. Mи се јадат солени бадеми. И ми се гушкаш, најмногу на свет. Трет ден по ред како не можам да спијам. Немам појма каде сме, ама не, не можев да дозволам да дојдеш вечерва. Ми значиш, ама повеќе си значам на себеси.
Се сеќавам, тој ден кога повторно ти се вратив, а ти ми даде втора шанса.Кога повторно се видовме носеше фармерки и темно зелен блузон, мирисаше на некој прекрасен парфем. Срцето ќе ми излеташе од градите кога те видов, а кога ме прегрна се смирив. Повторно ја почувствував твојата љубов која беше насекаде околу мене. Никогаш нема да го заборавам денот кога ми ја подари сета твоја љубов , која и ден денес сеуште ми ја даруваш. Љубов моја, единствен мој те сакам.
Таман јас завршив со учењето, сега твоето учење е на ред. Ќе си го усогласиме ли слободното време еднаш барем...