Не се нервирај, за глупости се нервираш. Само твоја сум си, нема потреба да се нервираш за такви работи.
Те видов на слика со неа. Изгледаш многу среќно и заљубено... Се надевам дека си и ќе бидеш многу многу среќен со неа, дека ќе те чува и ќе те сака барем половина од она јас што те сакам... Ова ќе биде четвртата Нова Година каде сите ќе се забавуваат и ќе слават, само јас ќе седам во некој ќош мислејќи на тебе. Нема да биде ништо поразлична од претходниве три за мене, а за тебе посакувам ова да ти биде најубавата досега. Со твојата сакана...
Кога ти напредуваш и си успешен-и јас сум покрај тебе. Се е ок. Само те молам,не се заборавај стариот ти. Биди успешен и биди ист-слава во глава несакам да ти удара
Не сакам зборови и немам зборови. Само ветришта и бранови и немир. Дај ми тишина. Ми треба тишина. Ако само те гушнам, ќе можеш ли да ме разбереш?
Немој да ми се нервираш за небитни работи и луѓе на овој ден. Да ја испратиме старата и започниме новата година среќни и исполнети со грижите и проблемите настрана.
Се се супер, ама толку бе да не ти работи кликерот да ме изненадиш за нешто, да направиш план и да речиш одиме - јас те носам. Страшно. И упорно "те пецкам", да видам дали ќе ти текни ама ништо. Мисијата неуспешна. Не знам, стварно неам зборови.
Штета што нема да сме заедно да ја прославиме новата година. Ич не ми се ни слави, но би сакала да бев со тебе вечерва. Којзнае што ни носи новава година.