Се надевав на порака од тебе, било каква. Скромна мала порака од три збора - среќна нова година, а посакуваш на луѓе кои не ги ниту познаваш. Добив многу честитки од луѓе кои ги немам видено одамна, од луѓе кои не ги познавам, се расплакав уште толку. Колку си ти само беден.
Вчера цела вечер си уживав до тебе. Знам дека многу те сакам кога толку брзо ни помина времето.. И....пресекси ти стои таа кошула Spoiler Не знам зошто, ама тие неколку бакнежи беа толку посебни.
Во главата едно 100тина пати размислував како да ти раскинам. И денес е истото. А вечер сме договорени да одиме заедно двата на вечера. Што правам јас, што? Толку сум бедна да бидам со некој само од страв да не сум сама? Ама и ти си виновен, колку само пати ти посочив досега што се ми пречи кај тебе. Ама исто како со дрво да зборувам. Ме оладуваш со сите твои постапки, а не знам ни дали си свесен за тоа. Не ќе да е на арно ова.
Тоа што денес се случи е поттик за моето понатамошно размислување. И не знам дали воопшто вреди да се размислува, после толку време ова не го очекував. И боли, многу боли.
Ти благодарам за времетокое го одвојуваш за мене. Можам само да ти ветам кога и да ти требам за било што, во било кое време ќе бидам тука за тебе. Те сакам.
По цел ден мислам на тебе од таа ноќ..дури и на сон ми доаѓаш. Нема спас од тебе, ама морам да најдам начин еднаш и засекогаш.
Вчера ме изненади со ептен убав поклон. 6 саати беше со мене нон стоп. Ме запозна со твои другари, другарки. Не знам само колку пати ми рече дека ме сакаш. И? Поужасно и поубаво истовремено не сум се осеќала никогаш во животот. Бура од емоции. Господе чувај ми го паметот само.
Сакам да знаеш дека јас тебе неизмерно те сакам без разлика што се однесувам многу ладно и што те одбегнувам. Прости ми за тоа, ни самата не сум свесна за зошто го правам тоа. Можеби мислам дека повеќе ќе ме сакаш ако почнам да ти недостасувам. Ама знам дека ме сакаш. Но имам проблем со себе. Психички проблем. Имам некој страв во мене дека ќе престанеш да ме сакаш, дека ќе ти станам досадна... Се надевам дека не го правам спротивното со ова, дека не те одбивам од себе...
Ноќеска дојди ми на романтика, усните твои да ми станат навика, растопи ме како свеќа, јас и ти камо среќа да ми дојдеш на романтика
Залудно се обидувам, кога за се на крај ме обвинуваш. Нашиот брод полека тоне. Ќе сторам се, но се плашам да не потоне.
Дури сега знам колку си во право, не треба да си правам филмови во главата ама ти прв почна, прв ми кажа, ми даде надеж. Не знам само зошто ама поверував, верувајќи дека успеа да ми залечиш една стара рана ти ми отвараш нови.
Премногу те сакав и уште многу долго време ќе те сакам ама дур не пукнеш и не ми клекнеш на колена да молиш, да се извиниш за се што ми направи досега, за секое сомневање во мене а знаеш длабоко во тебе дека не е така....нема да има ни траг ни глас од мене. Официјално те блокирам на сите социјални мрежи па снајди се маме ти јебем. Животов ми го скрати. Со никого досега не сум била олку преоптеретена па уште ќе си играш играчки. Среќна нова 2019 чао