Немаш поима колку ми се допаѓаш ти и се во врска со тебе.Настрана убавината ама карактерот и духот што го носиш за мене се совршенство. Ти си подобар и од Него.Конечно некој што ќе ми се допаѓа вистински повеќе од него, сега фали уште да си мој засекогаш. Ако морам да издвојам една желба за 2019 тоа би било Ти да ми се оствариш.Колку многу ми се допаѓаш ќе ти каже еден факт - да морав да бирам меѓу тебе и Него сега би те избрала тебе. Ти си ми јинг и јанг, ти си капаче за моето тенџере, ти се вклопуваш со мене толку добро. Но треперам и се плашам дека можеби нема да ти се допаѓам тебе. Страв ме фаќа од самата помисла и се грижам како ли би го издржала тоа ако веќе мора да се издржи?Умот ми е кај тебе 24 часа, ти си ми во фокусот моментално, се друго не ми е примарно. Го осеќам срцево како чука кога ќе се сетам на тебе, ми будиш чувства
Спојлер Уште ја чекам твојата порака. Дали ќе ја дочекам знаеш само ти, а дали ќе издржи да ја дочека знае само моето срце...
Колку повеќе кажувам, се полошо е. Толку различни светови, колку сум се посвесна, толку пизависна на тебе. Сакам да молчам. Уште тишината во мене остана да ја чуеш.
Знаеш, секогаш си присутен бо доцната ноќ, во моите мисли, те сакам Et si tu n’existais pas, dis moi pourquoi j’existerais ?
Спојлер Ќе почнам да верувам дека навистина се беше само една голема лага. Ако целта беше да бидам повреден тогаш твојата мисија е успешна. Повреден сум до степен да се мразам себе и да сакам да ме проголта мракот на оваа ладна зимска ноќ и засекогаш да останам само темна сенка во ноќите кои претстојат. Изгледа моите сомнежи биле оправдани, иако може згрешив што ги изнесов на таков начин. Очигледно лага беа сите зборови од почетокот, па се до оној проклет ден кога не можев да го потиснам тој немир кој ме јадеше. Можеби навистина погрешно сум разбрал се. Изгледа навистина за тебе бев само психопат, лудак и манијак. И во право си лудак сум што и покрај се, моите пораки содржат само убави зборови и желби за тебе. Со твоите постапки докажуваш само колку си ме почитувала. Не сакам да верувам дека е тоа така, но не ми преостанува ништо друго освен да се помирам дека тоа е целата вистина...
Кога гледам какви се машки има се прашувам дали си навистина посебен и различен од нив или сето тоа е само маска...
Како што проаѓа време, така се повеќе и повеќе станувам свесна дека технички, потполно сме некомпатибилни. Ти си хаос, јас структура, ме вадиш од контекст. Ама како што проаѓа време, така сфаќам и дека не можам, ни технички ни не-технички, да се замислам со некој друг. Ти небо, јас земја. Ама што ќе ми е земјава ако не се губам секоја вечер во ѕвездите? Што ми требаше да те сретнам. (...ифалабогуштотесретнав.)
Денес ко седевме во кола ти така малку уморен со потпрена глава на наслонот од седиштето... толку ми беше убав бреее...Знаеш ја се занесувам малку гледајќи те.... Хормони ли се ова мајко кажи ми или ја секој пат ко ќе го видам се заљубувам???
Се уште се надевам длабоко дека еден ден ќе го завртиш мојот број и ќе ми се јавиш а потоа реалноста ме удара и ќе си кажам - преќини, не те сака, не си му битна, не мисли на тебе, не биди глупава. Се уште те сакам пичка ти мајчина.
Ми фалиш многу, барем да ни беа населбиве поблиску и да можевме да излеземе и да си прошетаме по снегов, да те мавнам еднаш мерачки со топка снег и ти за да ми вратиш ќе ме бутнеш во снегот, ќе те повлечам со мене и ќе се смееме и гушкаме. Едвај чекам да се подрасчисти малку, и да те видам
Доаѓам кај тебе изнервирана, а веќе неколку минути покасно се ролав од смеење. Душа тој...единствен си