Едвај чекам да дојди 13ти фебруари за да те видам. Секако, ако се оди по планот. Кај нас никогаш ништо не се знае. Затоа и можеби сеуште сме заедно, стално сме во исчекување на нешто..
Само се надевам дека нема да те зафркнат тие што ти викаат дека те сакаат, дека си успешен и дека им требаш. Биди внимателен! Не сакам нови стресови.
Толку ли е тешко да ја прашаш љубената како е? Ама онака од срце, затоа што стварно те интересира..не ради реда.. Би кажала толку многу за тоа како сум... ама немам на кого, сама сум. Осамена..
Многу те сакам и ти мене иако не се замараме секојдневно со зборови, најдобро во тишината се разбираме со погледи.
Датуми. Не се битни. Постои ли заборав?.. Now I'm running away my dear From myself and the truth I fear My heart is beating I can't see clear How I'm wishing that you were here You Said you'd follow me anywhere...
Фала за сите работи што ми ги кажа, за некои работи си во право за некои не, не ти се лутам станав веќе рамнодушна на сите твои зборови. Ми помагаш упорно сакаш да ми помогнеш во нешто и јас како и секогаш потпаднувам на тоа, а ти на секое карање ми го лепкаш тоа дека секогаш си ми помагал, сама ништо не сум знаела. Толку многу ме казнуваш што ни криминалците ни убијците не се толку казнети. Ме навредуваш и ми се лутеш што се лутам на тоа. Никогаш за ништо не сум те навредила, а ти милион пати мене. И повеќе си ме сакал од што сум те сакала ја тебе ми велиш. Никогаш нема да ме сакаш колку што те сакам јас, а не треба да те сакам воопшто.
Точно пред две години на овој ден го направив погрешниот избор, избор поради кој никогаш повеќе нема да бидам онаа иста личност од пред две години, избор кој ми нанесе многу болка, поради кој пролеав многу солзи. Направив многу работи за кое не ни помислував дека можам да ги направам. Направив многу грешки Сепак животот продолжува некои нешта мора да ги оставиме во минатото и да продолжиме напред, да гледаме кон иднината, да заборавиме на онаа кое не повредило.
Вечерва беше прекрасна. Твоите силни раце ми пружаа нежност, во твоите очи се гледаше само љубов, а во твојата прегратка се чувствував заштитено и посакувано. Те сакам и не постојат зборови со кои можам да ја искажам мојата љубов и неизмерната среќа.
Жими мајка ако заплачам пак за тебе... Жими мајка ако отидам повторно на твој профил. Жими мајка ако повторно напишам нешто, било што за тебе. Ти заслужуваш некоја што... ма ти ништо не заслужуваш. Ова е за мене ситна риба. Ќе ми помине.. ќе те преживеам и тебе. Јас заслужувам некој подобар од тебе, некој што ќе ме чува како капка вода на дланка. Некој што ќе ме сака со сите маани и недостатоци, некој што ќе биде горд на мене. А сега одјеби, одам да си го живеам животот наместо да седам и да плачам за тебе.
Секој пат различна приказна,се ќе се сменело,ќе било поинаку,поубаво за двајцата.. Да секогаш различна приказна со ист крај.Ти не знаеш ни да смениш нешто ни да направиш нешто друго,поинаку.Се изморив веќе да се трудам околу тебе,а ти да се однесуваш како да ќе добиеш и пак и пак нова шанса.Епа тоа веќе не го гледаш
Нека ни се среќни 7те месеци. Брзо поминува времето. Каков стрес ми направи вечерва, да беше до мене ќе ти удрев шамар, па ќе те изгушкав после. Баш ми ја расипа вечерта со ова. Ама ајде помина. Да го заборавиме. А убаво бев расположена денес. Џабе двајцата се изнервиравме само.
Ти си само еден бесчувствително-ексцентричен егоист. Кога ќе те видам,ми запира здив и почнувам да петелчам, се тресам ко луда , внатрешно ми праеш хаос. Алоо, дечко!...
Знаеш, не сме веќе во период на запознавање, сакам да сме отворени да разговараме за многу повеќе работи од мемиња, тоа кој што јадел дента, што правиш и како си... Секако дека и такви муабети се неизоставен дел, но веќе сакам да знам и за другите, да не речам, помрачните, подлабоките работи. Што те мачи? Што те плаши? Имаш ли соништа? Си се пронашол ли себеси? Ако не, што уште бараш од себе, што бараш или би барал од мене, ко партнер? Добро те знам, но некогаш осеќам ко да не те познавам. Странци по шалтери и автобуски ми имаат од А до Ш кажано за себе. На небарано.