Твојот поглед ми е дрога. И знаеш што му се случува на зависник кога неколку дена не земал доза? Е баш така ми е сега. И едвај чекам пак да ги видам тие очи. Иако знам, знам дека ќе остане само на поглед
Колку ми годи кога си седиме двајцата на кафе напладне во нашиот кафич и си прикажуваме се што ќе ни падне на ум, притоа губејќи смисла за време. Кафето ми е послатко кога го пијам со тебе.
Толку грозно и очајно не сум се чувствувала никогаш. Што сака нека е, вака пак нема да дозволам да биде.
Не ти текна а !? а можеше.... Сега ќе беше сосема друго! И тогаш болеше и сега боли,нее сега повеќе боли! Заборави а!!!!!???? Ама јас сум тука да памтам,виновна сум да,нема назад. Само седум болки имаше? Не е тоа ништо во споредба со мојата болка,не седум, 1.000.000 и седум болки,неизлечиви,болка до смрт! Нагоре високо,надоле тврдо! ИМАШ ЛИ ГРИЖА НА СОВЕСТ,ако ја имаш воопшто...совест и грижа! Радосен,весел,безгрижен со чиста душа,ако воопшо имаш душа! Дали сакаш да ме видиш,да те видам,НЕ....ни на овој свет ни на тој другиот,кај што може некој ќе не чека,а можеби и не. Подалеку од тебе,подалеку и подалеку....уџум ако може! Оставам се, друг да пресуди (ако има кој) Бегај од мене,бегај по далеку! Жив ли си? ЧОВЕЧЕ!
Само ти знаеш како да направиш да треперам во твое присуство, само ти правиш срцево побрзо да чука, ми го одземаш здивот ...
Денес мислев не можам да имам погрд ден и одеднаш се десија чудни работи, пресврт у последна минута и не ми се верува колку се израдував за планот за утре. Супер ден ќе биде. Едвај чекам да те видам. Одамна толку не сум се израдувала.
Со твојата ароганција ме правиш да се чуствуваш празно.. ме убиваш полека но сигурно, само ми се таложат работи и прашање на време е кога ќе ми платиш. Велиш како може другите да ме сакаат, а само ти да ме доживуваш како лош човек.. Епа злато тоа е затоа што премногу ти дозволив, дозволив да ме газиш да ме рамниш со земја.. Ќе видиш ти колку голем човек сум јас, изгледа си заборавила...
Многу ти благодарам за денес. Поготово што беше со мене додека ми беше толку тешко и за миг ќе изгубев свест. За момент се случи се, ни мене не ми е јасно како. Да не беше со мене, ќе беше полошо. Само се уверувам се повеќе колку многу ме сакаш.
Да си до мене се би било толку совршено. Сакам да ја спуштам главата на твоето рамо. Сакам да си ја одморам душата во твоте прегратки. Сакам да застане се во еден момент. Сакам да ме штитиш.Да бидам сигурна покрај тебе. Сакам.....Едноставно сакам се со тебе.Се да делам.Се да доживеам. А тука си.Само на неколку чекори од мене.А толку си далечен. Како километри да не делат. Кому ли му носиш среќа?
Еден ден ќе видиш колку се скапи моите солзи и нерви..ќе додадам и 18% ддв на тоа, нема да пројдеш со повластена стапка
Те сакам многу, ама тоа вчера ме направи тажна. Врската треба да ни е изградена на доверба, и никогаш ама никогаш не би направила нешто за да те повредам. Знам дека и двајцата имаме trust issues, и јас си ги имам моите моменти, но пробувам да ти верувам целосно. Знам дека и ти ме сакаш, и не би ме повредил на тој начин. Верувам во нас, и верувам дека ќе се справиме и со ова.
Би те слушала до зори одново и одново се едно исто да ми зборуваш од среќа и возбуда....блеска од тебе среќа поради приемот на новата работа. Среќна сум и јас љубов. Среќна сум за твоите успеси.
Сонце си. Не знам со што те заслужив во животот ама дефинитивно си ми една од најдобрите работи до сега што ми се случиле.