Да би можел да се вратам неколку месеци поназад ќе се шлакнам самиот себе си неколку пати затоа што секогаш сум самокритичен и секогаш ја барам вината во себе. А ако се вратам уште две години поназад би се исцапал под нозе затоа што бев најголемиот шутрак што може да постои на планетава земја.
Што е сега? Толку ме мразиш и ги вртиш сите луѓе против мене..со кој и да се здружам и ти се здружуваш одма.. Со кој и да зборувам зборуваш и ти..На сите им зборуваш дека сум расипана само затоа што се плашиш да не ми се приближи некој друг, се плашиш да не бидам нечија..Сите твои другари кои обожаваат да се дружат со мене полека полека ги вртиш против мене. На секоја моја другарка му се пушташ пред мене. Што е? Те боли што јас те изиграв побрзо зашто ја сфатив играта која ја играш со мене? Епа маче споро кроиш планови .. Ајде оди да видиме до кога ќе одиш вака.. Те боли што не ти зборувам, што не постоиш поише за мене...до толку ме мразиш?.. Само да знаеш дека секој ден ќе ме гледаш пред себе и ќе го проколнуваш денот кога ме запозна! Со мене таквите игрици не палат И цел свет да го свртиш против мене џабе ти е зашто ме сакаш од дното на душата и не можеш да поденесш да те игнорирам. Нека мило мие. Крши глава.
Пак ни се сретнаа погледите. Пак ти светнаа очите. Добро човеку, не ме мачи...дојди да уживаме заедно или ако веќе не сакаш игнорирај ме. Тргни поглед, сврти глава, не ме гледај. Ова не го правиш за инат, сигурна сум бидејќи едвај се познаваме ама или ти не си сигурен дали да направиш чекор или јас погрешно гледам на целата ситуација, трето нема
Толку беше. Не мислев дека ќе ми е вака, ама осеќам дека светот ми се руши врз глава. Морам да се соберам и сконцентрирам на она што ме чека. Ќе се трудам да те оставам зад мене иако потајно ќе се надевам дека ќе бидиме заедно некогаш...
Не можам и не сакам да спијам сама. Ми требаш да ме смируваш кога се будам поради кошмари. Ми требаш да ме заспиваш со прегратки и да ме будиш со бакнежи.
Зошто те мислам? те имам само два пати видено и неколку зборови едвај сврзани а не ми излегуваш од глава.
Се надевам дека ќе успееме во нашите намери. Многу те сакам и се надевам дека повеќе нема да се повторат проблемите кои ги имавме оти незнам до кога ќе издржам.
И додека го гледам својот нем лик, бескрајно ладен поглед го слушам чудењето на сите зошто се уште разменуваме по некој збор.... А тие не знаат дека јас така само ја набљудувам оваа што некогаш бев... А тие не знаат дека јас така само се присетувам дека се тресев пред тебе ...дека плачев по тебе и дека телово те бараше со огромни болки.... А тие не знаат дека јас така само се присетувам каков човек мислев си.... А тие не знаат дека јас така учам колку сакам да сум сакана и важна.... Во најтешкиот сон, во најзафатениот ден... Една нема потреба во нечие тело ... А тие не знаат дека јас така си потврдувам дека тие допири требаше да бидам за мене и дека губев време да ти покажам колку вредам, додека ти не вредеше воопшто.... А тие не знаат дека јас така се запознавам пак себе... И како салам да сум посакувана учам... И како да недостигам некому спознавам... И како да се доверувам и да слушам некој ми треба.... А тие не знаат дека јас така учам дека сакам шепотење во сексот и гребење и ненаситност и потреба и нежност и очи полни со љубов и страв да не се изгубиме ... И солзи со оргазам... И познавање на највалканите мисли.... И слобода .. И дрскост... А тие не знаат дека јас така учам во секој разменет збор дека сакам моќен и храбср емотивец, луд да верува во соништа, да верува во мене и емоции .. А тие не знаат дека јас така учам да ги ценам сите мигови во кои дизнавав каков си... Кога дизнавав дека суровоста ја ти беше резервирана само за мене... Кога дизнавав како традиционален и слаб си.... Кога дизнавав колку лицемерен си.... А тие не знаат дека јас само така си повторувам колку нема да се врсти никогаш тоа што беше, а без тоа ништо нема смисла .... Не знаат и мислат има љубов во тој некој збор разменет... А не.....
Денот без тебе не е убав.. Ноќта без тебе не е топла.. Кога не те гледам, сум како изгубена.. Што ли би правела без тебе?