Само што ја џитнав твојата четка за заби во ѓубре. Дали тоа веќе значи е*и се или уште ќе си ја мачам психата со тебе и по тебе? Stay tuned
Среќен именден љубов и вечно име Преубаво именце имаш, ептен ти го сакам. Туку, ете сеа иаме прилика да изедеме нездрава храна нареден пат коа ќе се видиме у чест на твојот именден, па дозволено е хелтилајф да прекршиме.
Никогаш не добив шанса да ти кажам, а сакав душо моја. Занесен во тоа да овозможам се за тебе и за нашиот ангел сум заборавил да си го чувам највредното тебе и него. Никогаш не би помислил дека родителот може да му биде душман на своето чедо ама ете не снајде, тргна по нивниот пат и се почна да оди назад од моментот кога секоја недела почнаа да присуствуваат во нашите животи а најмногу твојот, јас неможев да кажам ништо,се плашев да не згрешам да те одделам од нив и на крај ми се одби од глава, а толку бевме среќни пливавме во морето на љубовта, бевме утоп мокри. Немавме ништо, а имавме најмногу на целиот свет-барем јас така мислев. И беше тоа како сон, сон кој траеше доста долго и на крајот се разбудивме ама јас на едно место ти на друго, не по наша вина. Јас никогаш не сум ти мислел лошо, не ти мислам ни сега, ниту пак ќе ти мислам во иднина, и покрај тоа што ти си замина, без збор. Никогаш не кренав глас на тебе, никогаш не пробав да ги сменам твоите недостатоци, те сакав таква каква што си- замене беше совршена,единствена. И те пуштам гулабче мое, те пуштам да летнеш таму кај што сакаш, и оставам со тебе дел од мене, голем дел. Тешко е, многу тешко, ама морам да издржам не за друго, затоа што ве сакам и тебе и него,затоа што мислам дека заслужуваш среќа, сакам да си среќна љубов моја. И покрај тоа што немаш причина да се однесуваш со омраза кон мене, а се однесуваш како кон најголем непријател,и покрај тоа што не ми дозволуваш да ја видам искрата во неговите очи,неговата радост,невиност,- неможам да ја избришам лузната од моето срце направена од тебе, љубовта драга моја, во моето срце нема место за твојата горчина и омраза безпричинска. Летај гулабче мое, летај и живеј го животот на твој начин, сакам да си исполнета и слободна. А јас, јас ќе пробам да склопувам дел по дел од моето срце и се надевам да составам половина, колку да ме одржува, не за повеќе, само за да дишам и да го видам нашиот ангел како станува човек, како станува маж. И се надевам, се надевам душо моја, се надевам дека ако не повеќе, ќе го научиш да биде човек со големо срце, и разбирање. Солзи течат душо, ама ако некат течат, ќе претечат, ќе пресушат ко извор. Јас те сакав, те сакам и секогаш ќе те сакам и тебе и него. Морав да го кажам ова некаде, на некој, затоа што на тебе не можев. Биди среќна.
Не знам како ќе го преживеев периодов без тебе, љубов. Се што јас не можев, ти презема на свој грб како малку да имаше и без тоа, и ниеднаш не се побуни за истото. Знам дека ти кажувам колку си најдобар, ама навистина си. Ти благодарам за секоја ноќ од месецов, што неуморно стануваше во секое време само за да ми подадеш ѓеврек или да ми направиш чај или само за да ми подадеш вода, знам дека бев многу захтевна... не по моја воља. За секоја чинија измиена, за секоја прашина избришана и изгланцан под и тоалет.. зошто јас не бев способна да станам да кревет. Ти благодарам што и покрај се, се будиш до мене и покрај тоа што периодов изгледам исто толку грдо колку и што се чувствувам... иако ти секогаш го негираш тоа.. туку огледалото се сложува повеќе со мене. Најдобар си и те нема подобар. За ништо на светот не би те сменила. Ама душо, масираш најужасно на свет. Мислам дека имам неколку дупки у грб ради тебе, ама и тоа е за поголемо добро, оти кога и да ме масираш се фокусирам на болката во грбот и за момент заборавам на таа во желудник, на гадењата и мачнините, па верувај и те како ми се исплати да те пуштам да ме масираш. Ти благодарам што постоиш за да те љубам човеку мој најдобар.
Ти си ми најголема поддршка за се ,колку те сакам е неописливо ,фала ти што се грижиш толку за мене ,свесна сум дека се би направил за мене и дека јас сум ти најбитна но кога ќе ми речеш дека сум себична и не те ценам навистина ме повредуваш .. или кога ќе почнеш со рандом љубомора од никаде ... Дали навистина мислиш дека би те оставила? Ти си незаменлив ,ти си ми се
Како да те пуштам? Јас навистина не знам како да те пуштам во мојот свет, како целосно да се опуштам и да ти се препуштам. Тоа е една од последиците кога си имал сериозна врска претходно - стануваш мнооогу претпазлив во новата. Не сакаш повторно да бидеш повреден, заебан, во бунило, не сакаш да си губиш време. Си го цениш мирот и благосостојбата и едноставно не сакаш глупости. Не сакаш да правиш жртви освен ако не се работи за нешто навистина вредно. А ти, вредиш ли? Го живеам архетипот на слободна девојка толку успешно што ќе ми треба време да се одвикнам од работи како флертување и прифаќање пијачки од непознати. Дали сега ми е време за такви промени? Нафрлани сложени реченици, а сѐ се сведува на два збора - страв и недоверба. И тие два збора можеби ме кочат во живеењето на мојот најдобар живот со тебе.
Се уште се вртам во круг и не можам да те пуштам. Барам игла во сено а истовремено и се плашам за себе.. Анализирам твои чекори и се плашам од тој заклучок кој го имам. Сакам да се појави некој, да ми ги избрише мислите за тебе, да те заборавам, да се случи истото ко што се случи со тебе кога преболував друг. Не, не ни помислувам да те побарам ама овената сум... ми гине душата, го слушам срцето како се крши, безпомошна сум. И толку многу се чувствувам очајно.Што и по толку време јас пишувам за тебе ама ете што да правам, боли. Ме боли ко првиот ден. Болката е поголема, наместо да се намали, поголема е.
На моменти заборавам дека имам срце кое чувствува болка секогаш кога си груб. На моменти заборавам со кого сум во врска, дека има многу подобри од тебе...Зборувам за личности подобри од тебе кои се напред во размислувањата, за тие кои знаат да сослушаат, да осетат нечија болка, не се бесчуствителни како тебе. И минатата кавга ни беше заради твојата бесчуствителност и сега е пак исто.Изморена сум со секоја наредна кавга и не знам до кога ќе издржам.Легнувам навечер и си мислам која е следна сцена од тебе. Претходно мислев дека е ова љубов, знаеш се караме па се смируваме и се е нормално низ шега зборуваме,,ама не љубов срце, се е превара.И изгубено време кое нема да го вратиме и ти и јас.
Пак разделени 3 недели. Само сакам да сум ти в раце љубов. Не можам да издржам овде, се гушам, и сакам да избегам. Не ми е ова Дома. Дома е топлина, и топли раце и очи, и грижа и спокој. Дома се успивам како јагне, и деновите мирисаат на палачинки и смеа и твојот парфем. Без агресија и викање, без скршени стакла и срца, без немир, токсична енергија и страв, и толку проклето многу болка што не знам како можело да ја собере во едно детско срце. И сега само сакам да се појавиш, да ја запалиме колата и да извозиме некаде далеку, некаде топло. Да јадеме праски чии сокови се слеваат по прсти, и да возиме точаци боси по цел ден, а кога ќе се измориме, да легнеме на некоја ливада, со нозете во вис и да броиме облаци дур сонот не не' навјаса. Ќе ми заспиеш во скут, и се' што ќе можам да помислам е колку е животот убав. Само знам дека ќе те видам пак. И ќе те гушнам. И ќе биде се океј.