Зошто ме измачуваш човеку?? Секогаш кога ќе ставам крај ти се појавуваш пред мене и не ме пушташ да дишам? Денес ми беше преубаво без тебе но кога се појави пред мене толку се изнервирав што почнав да се тресам целата почна да ми се врти у глава и да ми се плаче..Остави ме те молам сакам да бидам воздух за тебе после сета болка. Зошто не ми дозволиш да те пуштам, а и ти да ме пуштиш. Ионака зар не гледаш дека цело време те игнорирам и не ти зборувам?
И покрај то што знам дека " нашата љубов ", не ги исполнуваше моите стандарди и желби, беше млака и далеку од силна и пожртвувана, и покрај то шо знаев дека кога и да е ќе и дојде крајот за кој и самата јас си правев сценарија во глава, еве не ми е сеедно. Упорно мислам на тебе, чекам да се јавиш, ми фалиш. Сакам да ти го слушнам гласот. Ми рече дека можам да ти се јавам кога и да посакам ама не, не сум таков слабак. Ќе умирам, ќе вриштам, ама не попуштам. Седам со книгата во раце, а умот ми оди на летните ноќи кои ги поминувавме акајќи заедно по паркови и бележејќи наши места успат зборувајќи за секакви глупости. Нон стоп си се прашувавме меѓусебно : "ако не беше ти, со кој ќе зборував на овие глупи теми " смеејќи се ко зелени. Се и сешто преживеавме во овие 8месеци, сите слики ми доаѓаат баш во моменти кога треба да се фокусирам на други клучни работи. Ми фалиш, ужасно ми фалиш и покрај то шо знам дека најдобро е да се разделиме. Кога станав толку глупава, кога?
После 3 месеци без никаков контакт се сретнавме. Правевме муабет на тема "шо праеше последниве 3 месеци?" и после тоа следува предлог за љубовна врска. Мојата реакција беше нормално шок, не бев спремна да одговорам на твојата понуда, а и ми делуваше како да не си сериозен во врска со неа. Иако бев несигурна во својата одлука сепак прифатив, за подоцна да зажалам. Во рок од 2 дена те избришав од пријатели на фб, бидејќи се навраќав на работите кои ги имавме доживеано и не сакав повторно да ја почувствувам истата болка. За една недела се скаравме. Не сакав да се приврзам за тебе знаејќи дека за кратко време ќе те изгубам. Ме остави со еден куп прашања во главата и си замина, поточно јас те отурнав од себе т.е. мојата гордост и гневот кој го чувствувам кон тебе. Минатиот пат ме остави 2 дена пред мојот роденден, не ми го ни честита. Не можам да примам тукутака назад во мојот живот некој кој што ме повредил. Можеби ќе можевме да изградиме здрава врска доколку првенствено стекневме меѓусебна доверба и ми ги објаснеше причините поради кои дури баш сега ми предлагаш врска, а не тогаш.
Деновиве почнав да чувствувам дека вложувањето во врската ни е многу one sided. И ми треба да се потрудиш и да покажеш дека стварно ти значам, а не само со зборови. Се чувствувам запоставено и осамено. А не мислам дека така треба да се чувствуваш додека си во врска со некого. Можеби сум премногу clingy и треба да си најдам некое хоби, кој знае. Или можеби сето ова е под влијание на пмс. Времето ќе покаже, и се надевам дека не сум во право.
Морам да бидам вака ко што сум. Верувај, мислам дека мене повеќе ме боли, ама за добро е, за да не се случат такви глупости пак. Ќе пројде, ехаа, што не прошло. Знаеш дека те сакам.
Последниве месеци скоро секое утро и вечер сум на најбезбедното и најмирно место за мене, во твоите прегратки. Досега кога се будев одма одев до прозор за да видам какво е времето, дали има сонце, дали врне, а сега кога ќе се разбудам не ми се брза да станувам зашто ја имам најубавата глетка, тебе, како мирно и спокојно дишиш и спиеш. Човече, секоја стотинка се заљубувам во тебе сѐ повеќе и повеќе. Што ми направи до толку да се затрескам? Не знам што си ми направил, битно фала му на универзумот што ни ги спои патиштата. Ако не беше ти ќе се откажев од некои битни чекори што премногу ми влијаат за иднината, ама ти како ветер ме турна напред и ми одржа убава лекција. Без разлика што носи иднината, јас оваа поддршка и добрина не ја заборавам.
Ќе бидам посилна за тебе, ти ветив. Се трудам. Многу си безгрижен кога спиеш, сладок си.ќе се стуткам до тебе
Се ќе е океј неколку дена и после мора да се испокараме за нешто глупаво. Аман Оди учи таму, да не ти кажам уште нешто шо не треба, па ептен да се спукаме.
Те сонував. Ништо посебно не се случуваше, нити беше во моја близина во сонот. Само знам дека во еден момент те бакнав. Да можев и во живо..барем еднаш, да те осетам толку близу до мене. Не бев ни вознемирена од сонот како што е вообичаено, многу мирно се чувствувам како да тој бакнеж го добивам секој ден а всушност го немам добиено ниту еднаш. Камо среќа..
Убаво било вака по кавга да имаме можност да се сретнеме иако не сме планирале туку е 5 до 12 план. У живо си ќутиш значи, а на чет нешто многу јак. Ако убаво ти кажав ја, I don't regret nothing.
Да ја бациш во дупе, а она да ти прдне и нека ти замириса на ракче,и кромидче и пиперче и се по ред. Тамн Дојрански ќе имаш кај да си исплакнеш очи. И да препливаш
Еве ме не можам да заспијам, на тебе мислам. Мислам како е можно да те посакувам толку многу? Дали некогаш ќе сакам друг како што те сакам тебе? Мислам цела вечност да помине ќе ми останеш заглавен во мисливе и срцево...а дали ти барем еднаш помислуваш на мене?