Aw, look at us being grown ups Не дека не ме здрма струја од милијарда ампери кога ти го слушнав гласот, ама мило ми е што си океј. Јас свесна сум дека со никого нема да е како со тебе, сега и ти си го кажа истото дека со никоја не ти е како со мене. Сто пати сум рекла, нашето еднаш се случува, за онакво како нашето пишувале поети, пееле пеачи, креирале композитори, снимале режисери. И мило ми е што барем муабет саглам знаеме да направиме, премака ми беше од она последноно шугаво чао што си го рековме минатиот пат. Ај ваљда ќе те преболам некој ден.
Што би ти кажала... Всушност мн работи би ти кажала да можев и да беше се поинаку. И после толку години и толку промени во твојот и мојот живот не излегуваш од срцево од главава. И сега повеќе од било кога сум свесна колку згрешив и што ни направив. Те сонувам секој ден буквално. Боли стварно боли и ми е криво што уништив се. Тоа нашето се случува еднаш и никогаш повеќе. Ми се случија мн раб бремена сум али не е наше како што сакав најмногу на свет. Да можев да ти изнакажам се да си оллеснам да ме посоветуваш пошто само тебе ти верував на светов. Дури сега сваќам колку бев сихурна во тебе во нас и пак свесно те избркав. Небитно... Чувај ми се биди среќен биди добар татко и сопруг со неа како што те знам. А јас јас ке те сакам и понатака и секогаш како што и ти кажав последниот пат кога се видовме.
Ме убива. Ме убива тоа што не знам да комуницирам, ме убива колку погрешно ме интерпретираш. И освен да умирам во себе, не знам што друго да направам. Ме убива хаосот што го создавам, ме убива што уште не те разбирам. Ме убива што освен да гризам и гребам и касам, не сум способна да извлечам друга емоција од себе. Сe' што знам, е да умирам во себе. Ќе полудиме и двајцата. Како понатаму?
Нема да си простам за сите лоши зборови што ги упатив према тебе. И сеуште морам да го глумам тој лик кој се однесува во согласност со истите. Како да докажам сега дека јас тоа не го мислев? Како да кажам нешто добро после тоа? Ќе испаднам луда. Можеби и сум. Само сакам да знаеш, никогаш лошо не ти помислив нити ќе ти помислам..и премногу ми е жал за се што кажав и направив.
Фала ти што си тука за мене во овие тешки моменти, ми значи премногу. Не знам како ќе ги поминев деновиве без ти да бидеш тука за мене и да ми бидеш поддршка.
Уф, не знам што ти е. Имам малку потежок период, збунета сум и изгубена и ТЕБЕ те избрав за да ти се искажам и олеснам. Наместо да си среќен што ми е важен твојот совет, твоето мислење и поддршка, тебе сум ти досадна. Можеби не е така, само таков впечаток добив, а и нормално е кога на цели мои реферати ти враќаш со "оф" и "ајде ок ќе биде". Наместо најмал совет ти ми велиш, како мислиш, така прави. Многу ми помогна знаеш, ептен. Ладен си ко мраз. И на крај ти се извинувам што сум ти "досаѓала" зошто ненормално се почувствував како досадија и си добив само едно ладно "Нема потреба да ми се извинуваш" и тоа до испогрешени букви. Ни тоа не си се потрудил да го напишеш. Абе иди шетај бе.
Не сме баш во најдобра комуникација.. скоро ич комуникација, едно 3 недели после расправија, али денеска на сета мака ме до, цапа на живци, се што ми легна, на душа се и изнареков, изнапишав башка и во лице.. може не требаше, се каам, што ја нареков ороспија и дека се гадам што сум бил со неа..... Да можам, се да избришам од нејзината меморија, да можам се да избришам што сум кажал, да можам да го вратам времето назат, до моментот кога јас ја почнав расправијата! Се надевам, ке ми се смири пак.. и двајцата сме жешки глави инаетчии
Тешките зборови и навреди кои паднале меѓу нас уште ме болат ко вчера да сум ги слушнала а толку време помина. И знам дека биле во нервоза и во лутина кажани ама уште болат и душава си ги сфатила како буквално да си ги мислел. Така е секогаш кога искрено и безрезервно сакаш некој а тој те крши и дроби збор по збор а потоа и без збор, ден по ден со дела, со напвравено тоа зад твој грб па она, па после низа извини. Не не ми значат ни значеле твоите извини. Јас треба да си се извинам на самата себе си што толку бескрајно ти верував и сакав а ти ме изневеруваше а се правеше дека ме сакаш. Не беше тоа љубов. Кога сакаш некого се трудиш да не го повредуваш или ако не можеш да го правиш тоа ја ослободуваш таа девојка од лагите со кои ја држиш за себе додека се преправаш дека ја сакаш. Повеќе ќе те почитував и можеби ќе прифатев дека искрено жалиш и се извинуваш да беше искрен секој пат кога знаев дека ме изневеруваш и те прашував дали имаш нешто со таа и таа. И што мислиш ми значи таа твоја порака извини грешев ај да пробаме пак? Што да пробаме пак јас болката и понижувањата од твоите навреди и повремени изневерувања а ти да пробаш да си докажуваш себе си колку си јак со тоа што ме лажеш и заведуваш пак. Не е тоа љубов. Тоа беше се освен љубов од твоја страна. И ме боли уште кога пушташ пораки во кои ме убедуваш дека си ме сакал. Задржи си ги за себе тие слатки лажливи зборови и имај малку почит кон мојата некогашна љубов кон тебе, зошто ти фали таа почит и да си ја имал кога требало не би ми нанесувал дополнителни рани со се што правиш.
Пеперутки во стомак како првите денови,како првиот месец,првата година и наредните исто така.Пеперутки за сите битни моменти поминати заедно...пеперутки ден денес.Заборавам на се,толку љубена не паметам да сум била,толку среќна... откако знам за тебе за нас. Нека трае сето оваа како што трае толку години а е исто како на почеток. Се си ми
Пред да започнам со тебе сите ме убедуваа дека сигурно си женкар, плус поголем од мене, кај ќе си ме трпел, ќе си шврљал на страна, па и во друг град дека си бил, шо може да прави некој студент со средношколка, поготово некоја како мене, мирна и со ептен малку искуство во врски, сигурно за 2-3месеци ќе си ме оставел и ќе сум ти здосадела. Да сум те рачунала само за летна авантура, секако после немало да ме трпиш, дур сум слободна само толку. Си личел на слики на некој женкар, па и си имал неколку кратки врски, сигурно ти си ги оставал, па зашто и мене да не ме оставиш. Кога дознаа и блиските што не зборови слушнав за тебе, а и со лошото искуство од претходната врска бев и малце параноична и премногу ме ставаа во дилеми. Како поминуваше времето уствари само се уверував дека се што кажаа е неточно. Времето брзо поминува, за некое време ќе ни биде и годишнина дури, а ти си најдобрата личност што ја имам запознаено. Толку, трпелив, фин, па дури и помирен и посрамежлив од мене. Дури не ми се верува дека и двајцата сме ги имале истите стравови, ти дека јас којзнае со какви подобри од тебе сум била, а јас дека си женкар и сигурно ќе ти здосадам. Уствари испаднавме исти soulmates. Многу ми е мило иако сите ми правеа притисок што сепак избрав да останам со тебе и да оставам времето да покаже каков ќе си. Сега кога сите видоа колку си повнимателен и сосема подруг, често слушам мислења, леле каде да најдеме како твојот, како те пази, како те чува, па и не е од тие машки што искористуваат, дека си ме поддржувал за се. Можеби да немаа вака предрасуди и да не избрзуваа толку со одлуките и да не ги слушаа другите, немаше да пропуштат некои дечки како тебе. Еден и единствен си ми, знам дека некогаш и претерувам у некои ситуации, многу се лутам и јас на себеси ама мислам дека одлично функционираме и баш сме еден за друг. И кога гледам дека стварно си пресреќен кога ќе ме видиш макар и на 5минути, сфаќам колку премногу ме сакаш. Дури може и многу повеќе од јас тебе. Незаменлив си. Мило ми е што нашата љубов полека на сите им покажа дека е вистинска и дека не беа во право за ништо. А тек ќе биде и подобро, чим го издржавме сето ова и останавме заедно, се направи да имаме поцврста врска. Те сакам и ти благодарам што секој ден ме ислушуваш внимателно за истите работи и постојано ме поддржуваш и советуваш. Ептен ми била потребна личност како тебе во животов.
Фала што ми покажуваш дека ти значам и што правиш многу работи за да сум среќна. Фала за денес, за филмското изненадување, за тоа што се потруди да бидеш уникатен и единствен... фала за тоа што си ти за мене. Сакам да сме вака среќни и сложни секогаш, сакам секој ден да ни е како денес. Досега те носев во душава, од денес ќе те носам и на рака.