Размислував за да ти дадам време и простор да си ја сфатиш грешката. Размислив уште еднаш, ќе одам напред без да ти дадам време бидејќи не заслужуваш ништо од мене. Ти не сакаш да зборуваш со мене, ниту пак да ме одблокнеш. Будала ко мене нема да најдеш, верувај. Збогум. Нема да чекам некој што не помислува на мене.
Во твоите раце лежат судбински одлуки. Да можам да се родам пак би посакала да можам да имам таква вештина како ти, но пак не ќе можам да ти се доближам а не па да се споредам со тебе. Одговорност, посветеност, знаење и знам, знам дека уште имаш да понудиш од себе и твоите вештини и знам уште подобро знам колку препреки имаш да поминеш исто како што знам и сум пресигурна дека твоето време допрва доаѓа.
Во вакви денови сфаќам колку е тешко да си во врска на далечина. Во теорија имаш некој, а во пракса немаш. Ама ако, ќе издржиме се.
На моменти ми иди, низ џам да те фрлам! На моменти ми иди, да те гушнам и да не те пуштам од прегратка дури сум жива... Биполарно растројство ли е? Живот ли е?
Барем едно кокиче од двор да ми скинеше за Валентајн а јас вечера ќе сум ти правела.. море мрш таму јади што ќе најдеш во фрижидер. Ниту правам ниту јадам
Не можам да спијам веќе сама. Не сакам да спијам веќе сама. Душава ми гори што нема кој да ме прегрне.
I don't remember lighting this cigarette and I don't remember if I'm here alone or waiting for someone. Со години себично те држам, иако знам дека во ниеден момент (дури ниту во дел од секундата) не си ми припаѓал искрено и целосно. Време е да те пуштам. И да се ослободам. Не се враќај повеќе, те молам. Ти си добар, ама празен човек. Одбивам да пропаднам во таа бездна. Не знам што остана после тебе. Преплет од измешани емоции? Ама знам дека кога - тогаш мирно ќе успеам да се соберам и да продолжам од таму кај што застанав пред месеци. И да љубам пак.
Wow не те можам. Не си ми предвидлив. Не си ми сватлив. Вчера што се вика, ладен си ко мраз. Денес срце, душо, џигер магарешки. Ама добра душа имаш (само малку завеана). Ама ако, пак те сакам. Исто така сакам да ти кажам дека многу ми е криво што на овој ден кога речиси сите парови си ги држат рацете, јас сум сама. Само ете така налагаат обврските. Многу ми е мило што го разбираш тоа и ни за момент не покажа заби. Не ти е важно тоа што ти нема да се пофалиш на другарите кај си бил и што си правел со женска ти на валентајн. Поважна ти е состојбата на девојка ти. Тоа е една од причините што те сакам и сеуште сум со тебе и покрај тоа што сум се нервирала и плачела по темиве за некои работи, признавам дека имаш доблести кои ги засенуваат мааните. Верувам во нас и се што е "дупка" ќе пополниме.
Исклучувам лаптоп, фрлам телефон, влегувам во херметичка изолација. Дошол 8 саат. Цел ден медитирам. Тони работа. Издржувам 10 минути. Со крајчето на окото го лоцирам телефонот. Ја набљудувам ракава како неволонтарно ми се движи. Цап. Вклучувам телефон. Го фрлам на крај на собата. Вклучен. Ако случајно пишеш. Секоја вибрација ме вади од такт. Сакам да го фрлам низ прозор. Климактериум. Некоја глупава идеја, дека ќе ја запалиш колата и ќе ми дојдеш вечерва, ме јаде цел ден. А, знам дека нема. А, немаш појма колку сакам. Непрепознатлива. Ете тоа сум. И од тие 130 мислења овде за тебе, 129 сведочат колку ме вадиш од контекст. Што правам побогу? Хаос. Така требало да се викаш. Купив карта. Утре фаќам џаде. Сама, туѓ град, друга земја, нови луѓе. Да медитирам во некој нов простор. Не мислам дека таму ќе најдам. Не. Знам дека и таму, ти веќе ме чекаш.
Кога после 100 години бев во црква да ја видам и јас чудотворната икона имав само една желба а тоа беше да видам дали си навистина вистинскиот за мене,и посакав да се случи нешто за да се уверам во тоа,и замисли за тој што имав многу добро мислење и што имав пишувано тука се покажа како обично ѓубре,а ти ме увери дека и после тоооолку сомнежи сепак не е било залудно ништо,многу издржавме и двајцата а сепак чудо некое уште сме заедно и само затоа што ти си упорен,со тебе се осеќам сигурно и како дома,изгледа ми го покажа патот што е најдобар за мене чудотворната.
Знам дека ти ветив дека ќе се сменам, ама невозможно е. Секогаш ќе бидам со овој став кон себе. Секогаш ќе се споредувам со други и ќе се срамам од тебе. Барем пушти ме пред да те повлечам и тебе.