Ме побара. И не можев да ти го направам она за кое што требаше да се 'спремаш'. Ама пак те повредив..и не се чувствувам убаво ич. Жал ми е.
Знаеш, сега ми текна на денот кога ме зеде со себе на работа на моја иницијатива, и се смешкаше дека ќе се досадувам ама те зезнав, знам не очекуваше дека некоја како јас би се разбирала во твојата работа а камоли да ти најде и грешка Сакам некогаш од време на време така да биде да лудуваме, да ме плеснеш по г*зот, да ме стиснеш до себе и да ме смуваш . Знам дека сум луда, но таа лудост ти ја префрлаш на сосема поинаков левел. Што би правела јас без тебе Те љубам шишу
Баш си замислувам, како би бил светот подобро место за живеење кога вие женските во реалниот живот не би биле толку таинствени и навистина би им го кажале ова на тие кои што навистина ги сакате. Ама за жал не е така...
E де, знаев дека ќе почнеш да излегуваш со други, месеци поминаа it's only logical. Ама добро е што ми кажа, да не мора од други да разберам. I appreciate it. А мене ќе ми помине. Здравје. Можеби и подобро вака, I'm holding onto pain because it's all I have left. Не барај логика во ова што го зборувам, нема. Се слушаме некогаш и негде пак.
Пред неколку години кога почина баба ми, во тој мрачен момент јас те побарав тебе. Само во тебе наоѓав мир и утеха, иако не ти кажав што се случи и целиот разговор беше само што правиш и како си. Ти беше единственото нешто што можеше да ме смири. Каде си сега да ме смириш во оваа тешка состојба? Иако одсекогаш си ми бил далечен, секогаш те наоѓав, ама сега кога те гледам со неа, немам храброст за тоа. А толку ми требаш, макар само да ми кажеш дека си добро.
Многу ми недостасуваш иако се немаме видено два дена ми се чини ко цела вечност . Сакам само да те гушнам . Иако за валентајн многу ме изнервира ,но ете се тешам не постои врска без караници .
Различни коментари од луѓето зошто не ставаме заеднички слики на социјалните мрежи. Не се ни замарам да им објаснувам колку многу се сакаме, почитуваме и подржуваме. - Секое сабајле ми ставаш чаша вода и витамин, со напишано писменце. Знаеш дека сум неодговорна и нема да се напијам, но затоа ти мислиш место мене. - Кога сум втора смена на работа и ме земаш од работа. Од под седиштето ќе извадиш пласитчно, а внатре нешто си спремил за јадење. - Секогаш ми цедиш свежи сокчиња, затоа што не сум внесувала доволно витамини. - Навечер без да те ушушкам не си легнуваш, и да знаеш тоа ми е омилена работа - Сакам да изигравам по дома пејачка, танчерка, па дури и да се качам на маса да се тресам знаејќи дека ќе ја видам твојата најубава насмевка. - Ги сакам оние моменти кога ме "масираш", а толку си лош во масажа што ги чувствувам прстите твои како игли. - Прав џентламен си и никогаш не дозволуваш да одам од страната на улицата. - Ја сакам твојата несебичност да помогнеш на луѓето - Го сакам тоа што сме си поддршка еден на друг, и секогаш се бодриме да ги следиме нашите соништа. Имам уште многу, многу работи да напишам. Работи кои мене ми значат, кои се заеднички, само мои и твои и не е потребно на останатите да се докажуваме. Те сакам од овде до небото и назад цик- цак
Нема ниту една као ти што ме држи буден,што ме удара ко бело кога имам топ филм,тоа го можеш само ти...