Денес бев кај другарка, ме сети дека не сум добро, за прв пат заплачав пред некого освен пред мојата мајка. Конечно виде колку ми е тешко и ме прегрна, и реков само дека ми недостигаш и дека се плашам, многу се плашам. Пред една година, ти ме тешеше како да преболувам, да пребродувам, да стискам заби и да чекорам напред. Сега истото не можам да го искористам против тебе а толку многу сакам. Добро сум, не сум како што бев ама сепак се чувствува некоја тежина во градите. Почнав да се мразам себе си бидејќи ова не личи на мене, ова не сум јас и воопшто не ја сакам оваа верзија на мене. Ај мавни ми се.
Кога по долгиот зимски студ и мрак ќе пробијат првите сончеви зраци и топлината која ја навестува пролетта душава ми се буди од зимскиот сон и исполнува со спомени. Спомени од времето на наивноста и невиноста кога со срце полно трепет чекав некоја слатка смс порака, чекав да излеземе и фатени за рака долго се шетаме во паркот. Ти верував во секој убав кажан збор а незнаев дека тоа го правиш со секоја друга. Се надевав декам иднината ќе ни донесе нешто убаво, ама се излажав. И мило ми е дека се излажав. Затоа што додека се држев за тебе како давеник за сламка пропуштав нешто прекрасно, нешто како скроено за мене. Вистинска љубов по моја мерка. Сега се радувам што те запознав и се испадна така меѓу нас, затоа што осознав дека и по тебе има љубов, уште поголема, уште потрајна, вистинска
Многу ми е интересно кога те чепкам и те зафркавам, а ти тоа го прифаќаш со насмевка и знаеш дека се шегувам. Тоа го правам само со оние што најмногу ми значат.
Извини што се однесува како бич ,навистина не знам што ми стана сепак многу многу те сакам многу ми е криво кога ќе се испонашам така .. Дури понекогаш се прашувам дали јас те заслужувам ..
Што да кажам а да не излажам. Почна премногу да ми недостигаш, чекањево е исцрпувачко. Сакам да те земам и да избегаме на пуст остров, па можеби таму ќе бидеме среќни. Те сакам и ќе те сакам секогаш шишу
I don't feel like I'm your priority... Жал ми е што е така, но на тебе оставам. Јас повеќе нема да се борам. Нека не те чуди што не можеш да ме добиеш, што не ти обрнувам внимание како во текот на целата наша врска, што не ти пишувам прва, што ти враќам до по еден збор на твоите пораки. Не играм никакви игри, само сакам да направам да ме цениш повеќе.
8 месеци точно Се ближиме кон 1 година, не ми се верува. Со потешкотии, со убави и не толку убави мигови ама сепак издржавме. Иако ко за толку месеци врска не те гледав премногу сепак те осеќам близок и како одамна да те знам. Дај боже и 8 години да дојде ден да прославиме и да ми останеш во животот, бидејќи си ми омилена особа. Те сакам
Колку убаво испадна што имав прилика да те видам пред да одам на патување. Сега сум уште посреќна. Најубави ми се овие непланирани средби, поготово радоста кога мислам дека уште 1 недела и повеќе нема да те видам и одеднаш ти се наоѓам во прегратка.
На запад ништо ново. Не знам дал до задутре пак ќе ме стопиш ко шеќерна волна во детски прсти, и дали за една недела, пак ќе тупам со истово. Само знам, дека чувствувам дека се' помалку вреди. И ме боли. И не знам зошто. Уште немам перцепција за она што се случува. Ама знам дека боли. Ме мавна до с'ж - во егото. Јас, без кочница и контрола. Јас, што секогаш возев во петта брзина, со врзани очи, дур хистерично се смеам. Ме боли. Пак ќе речам, ти си првиот што не можам да го контролирам, што не умеам да го предвидам. Потполно се изгубив во тебе. Ти - не си ни свесен. Мислиш се водам по емоции. Не знаеш ништо за машинеријата во мене, што знае само за калкулации и разум. Можеби не знам ни јас. Добиваш еднодимензионална слика за вортексот во мене - јас, како те влечам за ракав. Јас, со детска потреба за внимание. Јас, со болна потреба да бидам се' што ќе посакаш, без да ми го побараш тоа. Јас, дете. Јас, жена, вештерка, хистерија. Ко што ти милуваш да ме опишеш. И за крај, јас, која секогаш знаеше дека ќе мора да исчезне. Не сум со една нога низ врата љубов. Не, јас левитирам низ простори, и кога ќе посегнеш по мене - јас не сум веќе таму. Ко да не сум ни постоела. Мора така. Зашто добро знам, тоа што најмногу ме боли, е тоа што си огледало за сите мои демони кои мирно спиеја пред ти да дојдеш. И се' ќе престане да боли. Туку кажи ми, како сега повторно да ги успијам?
Извини душичке. Не знаев дека толку ти било тешко и дека низ такви нешта минуваш. Многу многу ми е жал. Знаеш дека секогаш сум тука за тебе и секогаш ќе бидам. Криво ми е што не се запрашав дали има нешто чим се однесуваш така изгубено. Извини што за момент помислив дека не ме цениш, а јас всушност сум ти била нешто скапоцено. Среќна сум што не ми се потребни твои слатки зборови за да се почувствувам посебно. Пресреќна сум што тоа го видов во твоите очи, во тој твојот поглед, во твоите постапки... Немам зборови со кои можам да опишам како се чувствував вчера. За момент навистина се почувствував како да си го прочитал секое мое мислење на фемина, или едноставно толку сме поврзани што можеш да ги прочиташ мислите во мојата глава, моите чувства и емоции. Не си бил ни најмалку изгубен или ладен. Ти си бил свесен за сѐ и за секоја твоја постапка и како таа можела да влијае врз мене. Сега сваќам зошто сум со тебе.
Тортички во форма на срциња, чоколадни какви што ги сакаш, со многу фил. Одвај чекам да ти го приредам изненадувањето.