Во тие саати од денот кога сме разделени, единствено нешто што може од срце да ме насмее е моментот кога ќе добијам твоја порака во која ми кажуваш дека си видел нешто што те потсетило на мене. А уште повеќе се радувам кога ќе донесеш дома нова книга или ќе ми пуштиш нова песна, за која ќе речеш дека случајно си ја забележал и одма си знаел дека ќе ми се свиди и мене. И мене стотици ситници во текот на денот ме потсетуваат на тебе кога не си ми во близина. Твојот парфем ставен на случаен минувач, истиот твој став случајно забележан кај рандом колега, твоето омилено чоколатце, мирис на топло какао...
Каде си? Што правиш? Добар ли си? Дали е се во ред? Во мисли си ми, често. Ми се прави муабет. Сепак не беше лош. Среќно
Уф леле колку ми недостасуваш.. Дуксерот што ми го остави го изгуби твојот мирис пред неколку недели.. Нека поминува ова време побрзо !!!!
Многу сум среќна што те видов цела недела се немаме видено асално едвај чекам утре да си се гушнеме во топла постела и да си кажуваме колку си се сакаме
Mи требаш многу, а недостигаш најмногу на цел свет. Те нема, а знам дека ќе се појавиш, ќе се јавиш ама кога, утеха ли е тоа?
Првпат бев толку ладнокрвна денеска со тебе. Ама си го заслужи тоа. Знаеш дека секогаш си стојам на моето и сум инает.
Понекогаш си мислам дали е ова тоа? Тоа за цел живот? Толку. Се имаме. Ништо не правиме повеќе еден за друг бидејќи знаеме дека се имаме. Ако е тоа тоа за цел живот, јас не сум задоволна. Сакам повеќе. Повеќе од тебе.