Немав такво мислење за тебе, не очекував дека си незрел и да кажеш на телефон едно добар сум, се е во ред и чао. Немав никаква намера, само да те слушнам, а не да ме блокираш сега те молам и од социјалниве мрежи блокирај ме, се надевам полесно ќе ти биде... Дај Боже да си среќен, исполнет, здрав и жив, а некогаш ако се сретнеме некаде ќе глумам како воопшто да не сме се познавале...
Наместо да те игнорирам, се повеќе ќе ти се пикам. Наместо нашите саркастични разговори, од сега ќе бидам посериозна. Наместо да чекам да ме викнеш, јас прва ќе те викнам. Сакам да ми здосадиш. Сакам да не боли вака кога знам дека не вредиш. И џабе се криеш ти цел живот, се чувствува тоа што го имаш према мене. Ама дете си..
Аман до кога до кога,менви нешто во тебе прифати нешто од мене.... Животот лета... Да не е залудно!!!
Додека го зачувуваш тој живот Бог да е со вас, да те води тебе како светлина водилка. Сакам јас да сум ти најмал проблем но Бог така вечерва сакал, ќе ми недостасуваш и ќе те чекам будна додека се преправам дека спијам за само ти да не се грижиш зошто сум те чекала до мугрите.
Во твојата прегратка сите грижи и проблеми исчезнуваат, постојат само среќа, надеж и мир што не можат да се опишат со зборови. Кога велам „нема целосно среќен живот, само среќни моменти“, среќните моменти на кои помислувам се оние со тебе...
Да Даде Господ секоја вечер да ти идам на сон, да го слушаш мојот плач, да слушнеш како плачам. Да ја почувствуваш мојата вознемиреност и да се гушиш во сонот. Да ме бараш секоја е**на вечер! Да не можеш да заспиеш без мене! Да се сетиш што направи од мене и од нас. Се извинувам на експлицитноста.
Зашто морам да те испратам за 3 дена? Зашто времето минува толку брзо кога си овде, и кога сме заедно..? Пак разделени 3 месеци.. јас пак сама, ти 5000км оддалечен од мене .. Тешко, претешко ми е љубов, а тоа збогување на аеродром, ме убива.. Но, немоќна сум за да променам било што. Само да сме живи и здрави.. Не си свесен колку те сакам и колку ќе ми недостигаш...ништо не е исто без тебе
Како прв пат да се среќаваме вистински странци сме, додуша со некого кога прв пат го гледаш можеш да направиш повеќе муабет отколку ние со тебе...
Ќе ме извиниш љубов, ама ја да ти играм по твои правила, не планирам. Ако имаме години колку што имаме очекувам и такво однесување. Глупирањето као копиљаци од 15 години кај мене не проаѓа. Евентуално ако сакаш така, кажи, ќе свртам и таков лист, и така знам да играм, само колку тоа ќе ти се свиѓа, не знам. Пријатно, со здравје! Намќор!
Неколку чаши пиво и страшна дремка ме фати. Ама додека седев спроти тебе и те гледав така скришно одеднаш како експлозија да имав во главата и стомакот, очите ми се ококорија, срцето почна посилно да чука а устата почна да се собира. Ми требаш, премногу.
Обично во живо сум подиректен и не филозофирам толку многу колку на форум, но едно нешто ќе ти кажам. Мојата комфорт зона не излегувам па што сака нека биди, ме познаваш доволно бев искрен, ама не толерирам испади и расправии, доволно ги имам. Едноставно не функциониравме заедно и то е то, терај си по патот, јас ќе си терам по патот, можеби и подобро ми е вака.