Единствен си што секогаш остана покрај мене Што не ме напушти и кога беше најтешко да ме сакаш но и најлесно Што беше секогаш доволно храбар да ги истрпиш сите мои паѓања. Единствен што не ми затвори врата ниту еднаш во овие 11 години. Кога сите заминуваа од мене како да не сум постоела само ти остануваше...
Знам дека сум тежок човек. Извини што бев, и сум бескрајно несигурна. Кога другите деца учеа да одат, јас учев да голтам зборови, цели светови и тежини. Да ги чувам во мене, да заборавам дека постојат. Да никогаш не верувам. А сега со тебе растам, ме учиш да бидам повторно дете, да читам поезија, да плачам кога ми е тешко и да гледам во ѕвездите. Да повторно чувствувам, нешто што не памтам кога го бев заборавила. Не знам како да ти се заблагодарам за тоа. Ти, бескрајна симетрија, се топам и губам штом те видам, штом се насмееш. Дур лежиме заедно, можам една вечност да ти ја впивам симетријата на профилот, и само сакам да станам капка и да ти заспијам во длабината над усните. Фала ти што без да знаеш, ми го ништиш секој сомнеж што р'ти во мене, без да сакам, и без да знаеш. Се отвораме двајцата - нови светови. Те гушкам, најсилно.
Го презирам цел месец поради тебе. Не се молам поради тебе. Се надевам ќе се одречам овие 50 дена од тебе. Иако многу те сакав.
А што би правела јас без твоите плави очи, кои секогаш ме гледаат како да сум ти најмилото нешто во твојот живот, ми фали твојата смеа, твојот бакнеж во чело, твоето гушкање во кое се топам целата и сите твои обиди за да ме насмееш кога немам сила за тоа...премногу ми фалиш
„Сакам да те љубам толку што времето ќе застане. Сакам да прекинам да сакам од што ќе истурам сè во тебе. Ќе те љубам дур не дојде мир во светот.“ ...
Додека пробувам да најдам начин како да излезам од овој лавиринт со тебе сфаќам дека ти никогаш не си пуштил чекор во него.
Кој ти курац тебе бе? Што ме бараш сега? Нели си имаш девојка, среќни сте си. После онај испад во Саботата само се повеќе и повеќе ми се одмилуваш, фала Богу еј. Редно време е да мрднам од оковите во кои сама си се оковав оти сум глупа. Ајт.
Подобро да ми ја кажеш вистината па макар и ме повредил со неа отколку да ме излажеш. Не сакам лаги, не сакам вртења у круг, не сакам детски работи. Го чекам денот кога јас ќе ти го праам она што ти мене ми го праеш.
Колку повеќе сакам да започнам нешто ново, толку повеќе се навраќам на тебе..зарем е можно да те сакам ама толку јако да ги имам потиснато тие чувства? Толку ладнокрвно да глумам кога ќе се спомне твоето име а навечер да се гушам во врел океан од солзи. Не знам што ми е, знам дека само сакам да те видам, да те гушнам, да те помирисам. Многу ми Фалиш.