Ти кажувам што се не ми се допаѓа кај мене и би сакала да сменам, а ти ми кажуваш колку сум совршена според тебе и колку баш поради сите тие работи си ме засакал, колку ти биле посебни и убави моите мали очи за кои јас зборам дека да можам би ги заменила веднаш за некои крупни очи, колку ти се допаѓале моите меки образи кои јас воопшто не ги сакам, колку ти се допаѓала мојата коса на која што до утре можам да и наоѓам замерки, ми кажуваш колку го сакаш моето тело за кое секојдневно наоѓам маани... Ете зошто те сакам, зошто си посебен, затоа што ме засака таква каква што сум, со сите совршености и несовршености на мене. Еден и единствен си
За бмм:Еден и единствен си, најмизерен од сите што сум дозволила да се во мое поблиско опкружување. За особа х: Изгледа поинаку ги разбрав погледите и зборовите, добро што си задржав се во себе.
Престани да ми обрнуваш внимание кога ќе се отргнам од тебе, нели приметуваш дека пробувам да се дистанцирам затоа што постојано мислам на тебе и не можам да престанам да те гледам кога си до мене, а ти имаш девојка. И ние сме само другари...
Си реков нема да си дозволам да се затрескам во тебе се додека не видам дека добивам нешто и од твоја страна. Ама ете, ти успеа пак. Пак чекам твоја порака постојано. Чекам да се јавиш иако сеуште не го имаш зачувано мојот број а 10 пати ми го побара. Страв ми е дека нема лесно да излезам од ова..
Ти благодарам што се грижиш за мене и бараш начин да ми е подобро и тогаш кога јас кренав раце од тоа. Ти си душата моја Те сакам.