Редовно прати модни трендови, скапи работи носи, Член е на владејачката партија и со тоа се гордее, Обожава да шета на плажа боса, али страшно ме нервира кога ќе ми каже „ срце те молам немој на коса“
Нели ти реков дека ќе биде? Горда сум на тебе, што од сите баш тебе те избраа и беа воодушевени. Знам дека за брзо време ќе видат дека премногу вредиш и знам дека ќе напредуваш, само го чекам денот кога конечно и сам ќе успееш да веруваш во ова барем малку повеќе. Само среќа и успех да те прати.
Благодарна сум што сум со личност како тебе, полна со разбирање и љубов. И иако на моменти знаеш да ме изнервираш за глупости, не би те заменила за никого.
Денес и официјално се осигурав дека си со друга. Трпеливо чекам да ми пријдеш повторно. Еден дел од мене за да те отерам у три лепе, друг дел за да те видам и да помуабетиме повторно ко некогаш. Иако не сакам да си признам, ми фалиш. Најглупа сум, океј.
Фала ти што си секогаш покрај мене и ми пружаш неизмерна љубов и фала ти што и после 3 години си истиот тој во кој што се заљубив ! Секој ден те сакам се повеќе и повеќе!
Се измачи ама се заврши и тоа, сега да се почека дали ќе остане само на тоа или треба уште да се доработува. Ама важно една обврска помалку, барем јас така гледам на работите иако ти велиш тоа се твоите обврски и ги гледаш како нешто најобично. Единствен си
Викаат дека " Времето лечи се" .. глупаво клише, што нема врска со реалноста.... И денеска и вчера и минатиот месец беше и е исто како оној ден кога те снема од мојот живот...
Сакам да си до мене сега. Не ми е тешко. Само сакам да си до мене. Ако нешто сакав да станам јас тоа е ти во што си се претворил.
Колку сакав да си одам од тука додека не те сретнав тебе. Местата кои ги мразев толку ги засакав. На се што беше црно ти му даде боја. Среќа што постоиш.