Те сакам. И тоа трае веќе годинии, години.. Не ни бројам повеќе, нема ни потреба затоа што знам дека ова ќе трае цел живот. Затоа што кога ќе те видам, заборавам на сите бивши, заборавам на се буквално. Сакам само Господ да ми даде прилика да ти го кажам еден ден ова, ми тежи. Тоа го сфатив вечерва, иако упорно негирам дека те закопав длабоко во мене. И еден ден, кога можеби ќе се омажам и ќе имам деца, повторно ќе осеќам пеперутки кога ќе те видам. Ама којзнае што ќе биде до тогаш, кој знае...
Што ми мисли она,не знае ни бога што ми мисли кога,сме до гола кожа кога у поза нова следи доза нова ко Casanova не ти давам да си идеш дома.
Направи изгледа некоја магија последниот пат кога ме виде за се појше да ми фалиш и да те посакувам. Дојди побрзо, ми недостигаш многу иако само 3 дена поминаа
Дај, дај ми свои усни да ги љубам Нај, нај се до зори злато мое Рај, рај е покрај тебе, штом те сакам Знај, знај се ми годи безмерно...
Го вадиш најдоброто од мене и покрај тебе сум највистинската верзија од себе, баш онаква каква само ти ме знаеш, баш онаква каква што сакам светот да ме знае. Колкава среќа сум имала што баш тебе те запознав. Те сакаамм.
Точно пред еден месец ти замина далеку , те испратив со скршено срце и солзи кои одново и одново наврнуваа како бура без престан. Те бакнав најсилно за да трае и знај сеуште ги чуствувам твоите бакнежи. Ќе те чекам колку и да е потребно ,километрите нема да бидат пречка во нашата љубов .Ќе дојдеш кога и да е,но знај дека секој ден се повеќе копнеам по тебе љубов моја❤️Без тебе неможам ,неможам повеќе врати ми се !!!
Те молам не го прави сега ова. Од секогаш и засекогаш ќе ми бидеш слаба точка колку и да не сакам да си признаам. Можда и јас згрешив што се молев само на еден бакнеж од тебе, требаше можеби да посакам повеќе. Нека не остане на тоа, те молам..
Те љубам! Единствен си ми! Најсакан, најмил, најмој! Среќа ми е животов да го поминам покрај тебе. Ме смируваш, ми даваш снага. Не сакам ни да помислам што би правела без тебе. Те љубам <3
Посакувам да бев сега до тебе, да те прегрнев и да ти кажев дека се ќе биде океј. Биди сега покрај семејството, потребен си им. Камоли да не те гледав толку тажен сега...