Таа слика од тебе вчера. Музиката што ја слушаш. Твојот сарказам. Ти. Ќе ти се верува дека ако ти кажам дека твојот лик од сликата не можам никако да го извадам од глава? Го чекам викендов, чекам да те видам. Чекам да дознаам дали таа слика од тебе ќе ми буди само болни спомени или пак се ќе биде како што одамна сонувам да е.
Очигледно никогаш нема да престанеш да бидеш љубоморен , љубомората не се лечи .. Многу те сакам како не гледаш... Ќе ме полудиш .
Ќе те гушнам, ќе те штипнам... а ти занесен во монитор ќе ми речеш - Дуко маааа ме изеде... Камо да можев да те изедам... Ама ќе те видам кога нема да има на кого да го изговориш тоа, како што јас сега немам на кого .. дали ќе ти биде празно како што ми е на мене сега или ќе ти биде сеедно.. Дали ќе те заболи барем малку .. или нема ни да осетиш дека ме нема..
Ете, се помина во најдобар ред. Утре ќе те изгушкам силно, уште повеќе ми се допадна што видов колку си грижлив за луѓето што ги сакаш.
Правиш будала од мене ама јас сум крива за тоа, многу ти дозволив. Немој да ме бараш кога ќе ме нема. Не се појавувај ако решам да заминам засекогаш, а таа идеа се повеќе ми одговара моментално.
Камоли да бев сега до тебе и да те галам милно а ти да заспиеш така слатко, знам дека обожаваш кога си изморен премногу да легнеш на моите гради да ме гушнеш и да се успиеш.Премногу ми фалат тие плави очи.
Коњак е заебана комбинација за мене. Нема потреба да пишувам веќе излишни ствари, секако веќе одамна е минато свршено време, и нема веќе назад. Само не знам сеуште како успеав да го допрам дното, и како успеав да се претворам себеси во едно големо „ништо" токму поради само една особа. Зарем успеа само една личност толку многу да ме промени во животов. Тоа никогаш нема да ми стане јасно, но, што е тоа е, можеби е подобро вака, а можеби и не ...
Да, седам припиена до тебе. Да, се тресам кога ќе треба да кажам нешто убаво за тебе. Да, се плашам. А да можам да се ослободам и сите пеперутки да излезат од мене, ти прв би влегол. Не можам да ги избришам твоите зборови што ми ги упати, полни со некој тон на љубов. "Да те гледам среќна и би те чекал секогаш". Дали можам повторно да сакам и да засакам би сакала да знам, ама свесно секој пат ти се враќам. Сеуште размислувам дека тешко ќе ни биде, илјада километри далеку од мене. Ќе победиме или не? Животот ме стави на тест и искушение во сите области, чак и тебе да те имам е горко искушение дека треба да се борам.
Би сакал да прашам како си, чисто онака... ама од друга страна колку ме изигра и јас колку те навредив, сепак...остај, подобро е вака.
Колку сакам да можев да ја олеснам таа твоја работа, тон обврски имаш. Затоа одвај чекам недела да дојде, барем да те изгушкам и дадам позитивна енергија.
Никој како тебе немат позитивна енергија што ми ја даваш и што ме разбираш и ме подржуваш и ме учиш да го водам на вистинскиот пат. Не можам да ги избришам твоите зборови што ми ги упати, полни со некој тон на љубов. Камо да ти кажам дека ми е убаво со тебе и дека можеби се заљубив во тебе. Но километри се во прашање...
Фалеш ми.. Копнеам по тебе .. Двајцата грешевме, признај ти си коренот на мојте грешки.. Ама како и да е да почнеме нов чист бел лист... Гушни ме само да забравам се .
Си ме видел без шминка, си ме видел и со бушава коса и пижами и кога не се осеќам убаво, и пак знаеш да ме изгушкаш, да ми кажеш по стоти пат дека за тебе сум секогаш убава и неодолива Душа