Абе како те најдов јас тебе толку добар и полн со разбирање? Злато дете си. Кога ќе ги упознаам твоите ќе им се заблагодарам што толку добро те воспитувале да си знаеш.
Ќе ме бакнеш и веднаш ќе ми речеш да ти пишам порака кога ќе стигнам дома. После сите овие месеци дури ниту еднаш не си заборавил да го кажеш тоа.
Кога и да те видам само лоши слики ми се навраќаат-колку само плачев неутешно сама поради тебе.Камен да беше ќе пукнеше. Колку само лоши спомени влечам од нешто што мислев дека ќе биде убаво, од нешто што јас САКАВ да излезе убаво. Сега вака со ладна глава кога ќе размислам, сфаќам дека само јас сум те сакала .И премногу сум те идеализирала. *И џабе е, ако нешто не ти е пишано, што и да направиш нема да биде.*
Знам дека сме на почеток и знам дека рековме дека сакаме сето ова да е опуштено, засега да не се впуштаме во сериозна врска ама многу си отсутен, имам некое чувство дека ќе ме бараш за задоволување на твоите физички потреби а јас не сум таква. На следното наше гледање ќе знам дали да прекратам или не..
Многу ми е мило што ме ставаш секогаш у прв план скоро за се, не барам нишо ни тоа, ама преубаво ми е шо мислиш и сакаш се со мене да правиш и не ти е гајле за ништо друго.
Невозможен си. Фала ти за совршениот викенд. Цел живот се прашував дали би знаела што со себе ако доживеам нешто волку прекрасно. Се плашев да помислам дека може да ми се случи и на мене. Сакам да се гушнам себеси, на 15 години, и да и кажам дека животот и спремил убавини што не може ни да ги замисли. И да те гушнам Тебе. Најсилно. Зашто сега само ме плаши дека еден ден, ќе заборавам макар една секунда од нашето време.
Цел живот те посакував, сонував за тебе, се молев за тебе. Сега си тука, делумно, но сепак постоиш и си поблиску до мене од било кога. И не е како што сакав, како што замислував, како што се надевав. Толку е лошо што ми е срам од себе што толку време од животот сум трошела на тебе. Што претходниот дечко го споредував секогаш со тебе (затоа што нели, ти беше тој совршениот за мене) и сега премногу се каам. Заради тебе си уништив врска која што сигурно ќе имаше иднина. Заради тебе наместо сега со насмевка и пеперутки во стомак да заспивам, јас ронам солзи до рано сабајле и како бикови да ми удираат во сите ќошеви од телово. Срцето распарано. Мислев дека можам да сум човек што ќе контролира емоции, ама не сум. Сега ќе ја играм твојата игра, да видиме дали ќе ти се допадне и колку ќе потрае ако и двајцата се однесуваме како да немаме душа.
Периодов и времето надвор неизбежно ме потсеќаат на тебе, на деновите кога те запознав, кога влезе во моето секојдневие и почна да го правиш поубаво. На првите пријателски разговори, песните што си ги праќавме, првата серија што ми ја препорача... Уште на почетокот препознав нешто посебно во тебе, знаеше да ме насмееш како никој друг, да ме допреш длабоко со твоето разбирање и добрина, со споделените животни тешкотии. Едвај чекав да си пишеме, да ги продолжиме разговорите... Веднаш ми стана желба. Не бев баш навикната да ми се исполнуваат желби, ниту во смисла на љубовен живот... но, ти ми се исполни. И не можам да бидам поблагодарна за тоа. Ми го разубави и збогати животот, не си ни свесен колку. Се надевам дека ќе помине овој долг период, ќе напредуваме и ќе се имаме колку што заслужуваме. Едвај чекам пак да ги почувствувам твоите усни, да се скротам во твојата прегратка и да посакам да замрзне времето, баш ко што кажа и ти минатиот пат... Душа моја си!
Не ми си јасен. Од секогаш сум ти велела дека сакам искреност, она што го осеќаш и го мислиш да ми го кажиш. Јас бев секогаш таква спрема тебе барем. Изгледа не си ме запознал во тие 8месеци воопшто. Со оваа игра топло-ладно ништо нема да постигниш ништо позитивно кај мене, само поголем гнев.
Толку долго те чекав, копнеев по некој како тебе и кога ми се случи ти, не можев да верувам дека те имам покрај мене... постојано ми викаше дека има нешто во мене, некој копнеж, нешто што те прави среќен. Како да ги уништам сите соништа, како да те заборавам, како да има живот после тебе?