Денеска имав неколку новости да и кажам на другарка ми. Сега сфатив дека од сите работи што и ги кажав ти дојде на последно место. Зачудувачки дури и за мене. И прогресивно. Никогаш не научив да сум имуна на твои пораки, вчера за прв пат и тоа се случи. А како што тоа се случи, ќе се случат уште многу убави работи, а ти не си во ниедна од нив. Забрана имаат сите да ми зборат за тебе, превземени се сите мерки конечно да се ослободам од тебе. И baby steps се ама позитивна сум дека ќе ми успее. А дека ќе пробаш пак и дека ќе пишеш предвидов уште одма, ама после последниот кикс не постоиш повеќе. Штета пошто секогаш се тешевме кога ни беше тешко макар и како пријатели. Е и тоа го прокоцка и на тоа еба матер. Од мене толку, ќе исчезнеш од срце и памет, па макар последно нешто што ќе го направам да е тоа.
Извини. Што ги трпиш моите испади и што се бориш со ѕидот кој го градам околу мене ради други што ме повредија. Извини.
Не е секоја риба за во длабока вода. Шаховски финти успеваат но не секаде. Профилот кога човек ти го познава тешко дека ќе го победиш. Отиде кралицата, ама уште не си свесен.
Да немавме толку расправии во минатото и со оглед на тоа што бев максимално искрен и знаеше што ме прави среќен и како функционирам како личност ќе имаше од мене безрезервна поддршка и внимание. Сега е касно...
Душо ни кола, ни џип ни ништо материјално не ми треба, само ти си ми доволен....и мирот кои го имам со тебе.материјалните работи ми ствараат немир, не им се радувам.извини што сум ваква, никаква
Кога ќе сфатиш дека подобро од мене нема да можеш да најдеш, јас тогаш ќе бидам стуткана во прегратките на тој што навистина ќе ме цени и сака.
Паметиш кога ми ја прати песнава? Знаев дека чувствуваше дека има нешто кај мене, дека некој бил пред тебе и ме повредил, иако директно не ме праша, сепак знаев дека добро ме читаш. Песнава ми стана омилена, исто како и сите останати што после неа ми ги прати.
Толку сум измешана во чуствата, колку само се лажам сама. Неможам да проценам дали отсекогаш си толку ладен или некој те повредил силно. За второто нема оправдание.. Полека но сигурно си заминувам, истече нашето време. Дента кога ќе сфатиш, далеку ќе сум.
Од каде ми оваа храброст и сила наеднаш?Ќе одиме овој пат чекор по чекор...финалниот резултат ќе биде за неверување.
Ми ја разнежни душата . Мал гест, но премногу значаен за мене. Ми докажа дека си ме слушал и си запамтил што зборувам додека гледаш во телевизорот и не ми обрнуваш внимание
А некогаш да се потрудиш и да сфаниш како ми е, затоа не можам се да ти кажам а ми тежат многу работи.