Ми недпстигаш ептен. Не си ни свесен колку многу. Ни ден откако те нема, а толку ми требаш да си тука да ти го слушнам гласот, да те гушнам. Уште 8 дена и повторно ќе бидеме заедно.
10 месеци ли изминаа откако сме заедно, не ми се верува. Нека ни се множат. Може вака не личат многу, но за мене се значајни. Убаво е да знаеш дека некој го имаш во животот. Те сакам
Зошто ме повредуваш? Викаш така ќе било полесно.. ама не си ни свесен колку е потешко. Сакам внимание, нежност, разговор, твое мислење..онака како порано... а не такво гадно однесување. Не вредиш ниедна моја солза. Не те сакам ваков. Не можам да сакам вакво чудовиште! Кажи ми и ти дека не ме сакаш ..... ако можеш..тапчо
Собава не знам дали ми е Хирошима или Нагасаки, умор до бесвест, нозеве не си ги чувствувам, ама бре возбудена ко мало дете. А не сум ти шкртнала одамна, мислам дека зашто ги изгубив практично сите зборови за тебе, сега некако... само те чувствувам. А знаеш што размислувам бејб, дека никогаш не сум почувствувала ваков тип на среќа. На пример сабајлево, поспан кога ми се ушушка во мене, и ми кенкаш дека не сакаш на работа... и кога не знам каде ми завршува телово, а каде почнува твоето. И кога се чувствувам дека како да сум го вдишала сиот хелиум на светов и можам да се одлепам од земја во секоја секунда, само да се насмееш. Ќе успеам да се спакувам, вечер вино и документарецот што ти го качив на глава, а утре летаме. Хирс ту ас, палми и сонце, и недела надвор од цивилизација. Ќ'умрам од среќа.
Не знам зошто постојано одбирам да ти верувам дека си се сменил, а знам дека си истото го*но од човек, зошто и покрај се и сите пак се враќам кај тебе, кај тебе коишто не заслужуваш ни секунда од моето време, кај тебе коишто не ме заслужуваш ни мене. Сакам засекогаш да исчезнеш од мојот живот и од моите мисли.
Сакам секогаш да те гледам среќен и насмеан. Сакам да те правам среќен, дури и кога таа постапка за мене е понижување и болка. Ти си ми побитен и така и ќе остане.
Едвај чекам понеделник да се вратиш. Се надевам дека ќе имаме можност да се видиме барем и на кретко. Да те кушнам најсилно на целиот свет. Како вечност да помина од кога последен пат те гушнав. Се слушнавме и ми кажа да не се сеќирам и дека не ме заборавил. Со душа чекам да те видам повторно и да те гњавам. Врати се побрзо, те сакам.