Колку многу работи имаш направено за мене, не можам да замислам што би правела без тебе. И целиот свет да се сврти против мене ти ќе бидеш тој што уште стои на моја страна. Бидејќи кога никој друг немав, тебе те имав, ти беше и си покрај мене. Без двоумење и јас истото би го направила за тебе. Ти благодарам за сета среќа што ми ја носиш, ти благодарам што постоиш.
Од првиот ден кога се запознавме,јас и ти се бориме,секогаш сме во некоја битка,почетоците ни беа тешки,напнати,нервозни,комплицирани.Се изборивме да бидеме САМО ЈАС И ТИ,мислев дека ке биде полесно кога ке сме сами,но душата ме боли,што мора секој ден да се бориме за нас,да се бориме за подобро утре,подобар живот.Јас ти реков еднаш,со тебе и до крајот на СВЕТОТ.Ете дојдоа и тие денови,јас и ти,во туѓина по печалба,ама ако барем ке сме пак заедно,ке идеме каде све треба,само да сме ЗАЕДНО
Денес одлучуваме. Заедно или не. Уште од сега боли. Се надевам дека болкава вечер ќе се претвори во среќа.
Зошто се осеќам добро кога мислам на тебе? Што си ти различен од другите? Што е тоа што кај тебе ме привлекува толку многу? Зошто само ти можеш да ме контролираш? Зошто можам само тебе да ти се вратам?Каква моќ поседуваш? Никогаш не најдов одговор на прашањава... А би му ги поставила за да ја дознаам моќта како ме освоил.. И на крај ќе ти каже ти ме погледна ти си кривата .. .
За нигде сум станат... и ич не ме боли qr за ништо... сеедно ми е. Никогаш поискрен не сум бил, ама никогаш нема да го добиеш одговорот дали ако ми речеше НЕ, дали ќе трчав по тебе или не.
Читам како љубовта е несовршена, ама сигурно е најубавата ствар која ја имаме. Некој со нож врежал љубов под прозор, затворам очи, замислувам , тивок дожд и будење во нашата спална. Преубаво ми мириса
Се нервирам бидејќи премногу ми фалиш. 10 дена без тебе се премногу. Се надевам утре ќе успееме да се видиме и да те изгушкам. Само да не се расплачам утре, а знам дека ќе биде така.
Заслужуваш уште поголема среќа,уште поискрени насмевки...ќе ти подарам се што имам и можам. Само нека биде за брзо...
Пребарувајќи низ фиоката со стари тетратки, најдов истуткано ливче на кое е запишано твоето име. Сум го напишала уште тогаш, додека уште бев дете, додека ми било досадно на некој час на школо или едноставно не сум можела да се фокусирам на лекцијата мислејќи на тебе, па сум чкрткала низ тетратката. Си го скрив и си ветив дека ќе го чувам засекогаш. Нека биде потсетник за единствената љубов која ме води низ животот, нека биде потсетник за сите преплакани ноќи, за сите овие години чекање, и за тебе, несуден мој...
Не гледаш што се правам за тебе. И мојата толеранција има крај. Не верувам дека постои поразгален човек од тебе во моментов, а попонизен од мене. Ќе ти биде лошо ако ги смениме местата.
Нешто што најмн ми се допаѓа кај девојка е кога не дрибла и директно кажува што сака, и искрено не очекував да си толку dirty.
Убав ден беше денес. Не ми се одеше дома после тоа. Почесто да си посветуваме време вака на нас двајца